Гамбија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гамбија (англиски: The Gambia) или служ. Република Гамбија (Republic of The Gambia) — држава во Западна Африка. Државата е најмала држава во Африка, која на север, исток и југ се граничи со Сенегал, а на запад излегува на Атлантскиот Океан.
Гамбија The Gambia
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Progress, Peace, Prosperity" | ||||||
Химна: За Гамбија, нашата татковина |
||||||
Главен град | Банџул 13°28′N 16°36′W | |||||
Најголем град | Серекунда | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | Гамбиец | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Адама Бероу | ||||
Независност | ||||||
• | од Обединетото Кралство | 18 февруари 1965 | ||||
• | Објавена република | 24 април 1970 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 10,380 км2 (164-та) | ||||
• | Вода (%) | 11.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 ООН г. | 1,700,000 (146-та) | ||||
• | Густина | 153.5 жит/км2 (74-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $2.264 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $1,389[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $808 милиони[1] | ||||
• | По жител | $495[1] | ||||
Џиниев коеф. (1998) | 50.2 висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.441[2] низок · 172ра |
|||||
Валута | Даласи (GMD ) |
|||||
Часовен појас | GMT | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .gm | |||||
Повик. бр. | 220 |
Државата се протега по течението на реката Гамбија, река според која е и именувана државата. Гамбија има вкупна површина од 10.500 км2 со вкупно население од околу 1.700.000.
Гамбија својата независност ја стекнала од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска на 18 февруари 1965 година со главен град Банџул, додека најголем е градот Серекунда. Слуќбен јазик во Гамбија е англискиот и најголема вероисповед е исламот.
Историјата на Гамбија е многу слична со историјата на останатите западноафрикански држави во поглед на ропството, кое пак било причина да се создаде колонија на реката Гамбија, на почетокот од Португалија, а подоцна колонијата била управувана од Обединетото Кралство. По независноста Гамбија е релативно стабилна држава со мал краток воен период во 1994.
Државата е земјоделски богата и нејзината економија се заснова најмногу на рибарство, полјоделство и туризам. Една третина од населението живее под линијата на сиромаштијата со 1.25 долар на ден.[3]