Богородица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марија, попозната како Богородица или Богородица Марија (латински: Virgo Maria, Deipara, грчки: Μαρία, Θεοτόκος, Θεομήτωρ, хебрејски: מירים, арапски: مريم) според верувањата на христијаните — мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф.[1] Таа е позната и како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Пресвета Богородица итн. Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Пресвета Богородица е светицата заштитничка на градот Скопје.
Марија Пресвета Богородица Света Марија | |
---|---|
Православна икона од Марија | |
Мајка на Исус Сопруга на Јосиф Светица заштитничка на Скопје | |
Роден(а) | Назарет, Галилеја |
Починал(а) | околу 30 година |
Почитуван(а) во | Православна црква Римокатоличка црква Англиканска заедница Лутеранска црква |
Слава | правосл. / катол.
21 септември / 8 септември — Рождество (Мала Богородица) 28 август / 5 август— Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородицa) 8 јануари / 26 декември — Собор на Пресвета Богородица 7 април / 25 март — Благовештение 4 декември / 21 ноември — Воведение на Пресвета Богородица — Пречиста 14 октомври / 1 октомври — Покров на Пресвета Богородица |
Обележја | жена со дете, бремена жена, круна од 12 ѕвезди, беспрекорно срце, рози |
Заштитништво | Скопје, Православна црква, Римокатоличка црква леунки, мајки, патници |
Според евангелијата, Марија живеела во Назарет во тогашниот регион Галилеја. На арамејски јазик, нејзиното име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин — кога ѝ се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.