Антички Македонци
Aнтичка етничка група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Античките Македонци (или Древни Македонци, Стари Македонци) — древен народ од палеобалканско потекло населен на територијата на регионот Македонија, чие име е добиено по нив.[1] Македонија била центар на Македонската Империја. Тие зборувале на свој старомакедонски јазик, за кој не се знае многу. Заклучокот за јазикот не е јасен, но има сличности со останатите палеобалкански јазици. Постојат мнозина докази дека не бил грчки дијалект, и дека хеленските племиња не го знаеле старомакедонскиот јазик.[2]