PubChem
From Wikipedia, the free encyclopedia
PubChem е база на податоци за хемиски молекули и нивните дејства при спроведување на биолошки анализи. Со системот раководи Националниот центар за биотехнолошки информации (NCBI), огранок на Националната медицинска библиотека, кој е дек ид Националните здравствени институти (NIH) на САД. Пристапот на базата е слободен преку кориснички посредник и во неа подробно се наведени милиони структури на соединенија со описни податоци, со можност за нивно преземање преку FTP. Во описите на супстанциите, опфатени се и оние со мали молекули што немаат повеќе од 1000 атоми и 1000 врски. Американското хемиско друштво се обидело да го врбува конгресот да ја ограничи работата на PubChem, со објаснување дека базата претставува конкурент на нивната Хемиска упатна служба.[1] Во PubChem учествуваат над 80 добавувачи на податоци и продолжуваат да ја зголемуваат и развиваат.[2]
Содржина | |
---|---|
Опис | PubChem |
Контакт | |
Главен навод | PMID 15879180 |
Пристап | |
URL за преземање | FTP |
Алатки | |
Разно | |
Лиценца | јавна сопственост |