Nickelback
From Wikipedia, the free encyclopedia
Никелбек — канадска рок-група од Хана, Алберта, основана во 1995 г..од страна на Чед Кругер, Мики Кругер, Риан Пик и некогашниот тапанар Брендон Кругер. Иако воглавно се работи за рок бенд, бендот исто така има експериментирано и во многубројни други музички стилови како што се поп и кантри-музиката. Никелбек е еден од најуспешните комерцијални групи во Канада, која има продадено 30 милиони записи ширум светот. Никелбек се рангираа на единаесеттото место на изборот за најдобро продаден музички запис во 2000 г. и на второто место на изборот за најдобро продаден странски запис во САД, веднаш зад групата “The Beatles” во 2000 г. Во декември 2009 г. Никелбек беа рангирани како седми на листата “Артисти на декадата” во списанието “Billboard” , за највисоко рангиран бенд и највисоко рангиран рок пејач. Ова списание ги рангираше исто така и на листата за поп пејачи на декадата. Бендот продаде 21.000.000 копии од својот албум во САД.
"Никелбек" | |
---|---|
"Никелбек" на сцена, 12 Септември , 2008 г. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Хана,Алберта, Канада |
Жанрови | алтернативен рок, пост-гранџ,[1] хард рок, хеви-метал[1], алтернативен метал[1] |
Период на активност | 1995–до денес |
Издавачи | Roadrunner, Атлантик Рекордс, EMI (Канада), LiveNation |
Мреж. место | nickelback.com |
Членови | |
Чед Кругер Риан Пик Мики Кругер Даниел Адер | |
Поранешни членови | |
Риан Викидер Брендон Кругер |