Judas Priest
англиска хеви-метал-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Judas Priest (транскрипција: Џудас прист) ― англиска хеви-метал група основана во Бирмингем во 1969 година. Со продадени преку 50 милиони албуми,[2] тие често се наведуваат за една од најголемите метал-групи на сите времиња. Групата се пробила на популарната музичката сцена во 1980 година со објавувањето на нивниот шести студиски албум British Steel.
Judas Priest | |
---|---|
Judas Priest на настап во 2018 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Бирмингем, Англија[1] |
Жанрови | хеви-метал |
Период на активност | 1969[1]–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | judaspriest.com |
Во текот на својата историја групата често го менувала составот. Најпродаван албум на групата бил Screaming for Vengeance (1982) кој бил снимен со нивната комерцијално најуспешна постава: пејачот Роб Халфорд, басистот Иан Хил, гитаристите Глен Типтон и К.К. Даунинг и тапанарот Дејв Холанд. Типтон и Хил се единствените членови од групата кои се појавиле на секој албум.
Оперскиот глас на Халфорд и звукот на двојната гитара од Даунинг и Типтон имале големо влијание врз хеви-метал-групите. Имиџот на Judas Priest со кожна облека, нитни и други табу-елементи во облеката била многу влијателна за време на глам-метал ерата во 1980-тите. За албумот British Steel, Гардијан навел дека тоа е плоча која го дефинира хеви-металот. И покрај намалената активност во средината на 1990-тите, групата успеала да заживее преку светски турнеи и со добивањето на многу престижни музички признанија и награди: Рок-признание од VH1 (2006), Греми награда за најдобра метална изведба (2010) и станале членови во Куќата на славните на рокенролот со „Награда за музичка извонредност“.[3]