IJ
From Wikipedia, the free encyclopedia
IJ (мала буква ij) — диграф, составен од латиничните букви i и j. Диграфот се користи во холандскиот јазик. Понекогаш диграфот се смета лигатура или за посебна буква. Во повеќето фонтови каде се сретнува буквата, графемите не се споени, туку одделени.
Диграфот ij во пишаниот холандски се користи за дифтонгот [ɛi][1] што на македонски се предава со еј. Во стандардниот холандски, и во повеќето холандски дијалекти, има две можни графички прикази за дифтонгот: ij и ei. Ова причинува забуна за децата кои го изучуваат јазикот. IJ често го нарекуваат lange ij (долго ij), а ei како korte ei (кратко еi).[2] Првично, диграфот означувал долга и.[3]