30 август
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
30 август — 242-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (243-и во престапна година). Остануваат 123 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | ||||
04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
Настани:
1721 | Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва. |
1918 | Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти. |
1922 | Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција. |
1990 | Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“. |
1994 | Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија. |
Родени:
1489 | Антонио Алегри Кореџо — италијански сликар. |
1748 | Жак-Луј Давид — француски сликар. |
1811 | Теофил Готје — француски писател, новинар и критичар. |
1852 | Јакоб Хенрик вант Хоф — холандски хемичар - добитник на Нобеловата награда за хемија (1901). |
1870 | Александра — принцеза на Грција. |
1907 | Џон Мокли — американски физичар. |
1924 | Ката Лахтова — претседател на собранието на СРМ. |
1924 | Кени Дорхем — американски џез-музичар. |
1931 | Јован Ќирилов — српски театролог и писател. |
1951 | Беџет Пацоли — косовски политичар. |
1953 | Роберт Периш — американски кошаркар. |
1958 | Ана Политковска — руска новинарка. |
1961 | Елена Скриник — руски политичар. |
1969 | Владимир Југовиќ — српски фудбалер. |
1969 | Небојша Глоговац — српски глумец. |
1971 | Звонко Милојевиќ— српски фудбалер. |
1972 | Павел Недвед — чешки фудбалер. |
1973 | Атанас Ботев — македонски сликар. |
1977 | Константин Формичев — руски кану-спринтер. |
1979 | Хуан Игнасио Чела — аргентински тенисер. |
1982 | Енди Родик — американски тенисер. |
1983 | Симоне Пепе — италијански фудбалер. |
1983 | Енди Шмид — швајцарски ракометар. |
1988 | Ернест Гулбис — латвиски тенисер. |
1989 | Бебе Реџа — американска пејачка. |
1990 | Светослав Гоцев — бугарски одбојкар. |
1993 | Пако Алкасер — шпански фудбалер. |
Починале:
1181 | Александар III — римски папа. |
1483 | Луј XI — крал на Франција. |
1533 | Атахуалпа — последниот владател на големото царство на Инките. |
1935 | Анри Барбис — француски писател. |
1940 | Џозеф Џон Томсон — британски физичар. |
1994 | Линдзи Андерсон — британски режисер. |
1995 | Стерлинг Морисон — американски рок-музичар, член на групата „Велвет андерграунд“. |
2006 | Глен Форд — канадско-американски глумец. |
2013 | Шејмус Хини — ирски поет, нобеловец и добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |
2022 | Михаил Горбачов — советски политичар. |