Фридрих Енгелс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридрих Енгелс (германски: Friedrich Engels) (28. ноември 1820. – 5 август 1895 ) бил германски политички филозоф, историчар, општествен научник, социолог, новинар, деловен човек, комунистички револуционер и крупна фигура во европското социјалистичко движење во втората половина на 19 век. Неговиот татко бил сопственик на големи фабрики за текстил во Салфорд, Англија и Бармен, Прусија (сега Вупертал, Германија). Беше близок соработник на Карл Маркс, со кого соработуваше долги години. Заедно со Маркс го напиша Комунистичкиот манифест, а по смртта на Маркс ги редактира и издаде вториот и третиот том на Марксовиот „Капитал“.
Фридрих Енгелс | |
---|---|
Енгелс во 1877, во Брајтон, од Вилијам Хол | |
Роден(а) | 28 ноември 1820 Бармен, Кралство Прусија |
Починал(а) | 5 август 1895 (возраст 74) Лондон, Англија |
Националност | Германско |
Значајни дела | „Положбата на работничката класа во Англија“, „Анти-Диринг“, „Социјализам: Утописки и научен“, „Германска идеологија“. |
Период | филозофија на 19 век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Континентална филозофија, марксизам, дијалектички материјализам, историски материјализам. |
Претежна дејност | политичка филозофија, класна борба, критика на капитализмот |
Значајни идеи | отуѓување, експлоатација на работникот, дијалектички материјализам |
Влијанија од
| |
Потпис | |
Енгелс ја разви она што сега е познато како марксистичка теорија заедно со Карл Маркс и во 1845 година ја објави книгата „Положбата на работничката класа во Англија“, заснована врз лични набљудувања и истражувања во англиските градови. Во 1848 година, Енгелс беше соавтор на Комунистичкиот манифест со Маркс и исто така е автор и соавтор (првенствено со Маркс) и на многу други дела. Подоцна, Енгелс финансиски го издржувал Маркс, овозможувајќи му да ја истражува политичката економија на капитализмот и да го напише својот магнум опус Das Kapital. По смртта на Маркс, Енгелс ги уредувал вториот и третиот том на Das Kapital. Покрај тоа, Енгелс ги организираше Марксовите ракописи за теориите за вишок на вредност, кои подоцна беа објавени како „четврти том“ на Das Kapital. Во 1884 година, тој ja објави книгата „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ врз основа на етнографското истражување на Маркс.
Енгелс почина во Лондон на 5 август 1895 година, на 74-годишна возраст од карцином на грлото и по кремирањето, неговата пепел е расфрлана од белиот 'рт Бичи-Хед, во близина на Истборн.