Уфици
дворец со ликовен музеј во Фиренца, Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Уфици (италијански: Galleria degli Uffizi) — знаменит ликовен музеј во Фиренца, еден од најголемите и најстарите во светот. Содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди.
Кратки факти Основан, Место ...
Galleria degli Uffizi | |
Тесното двориште меѓу двете крила со поглед на реката Арно | |
Основан | 1581 |
---|---|
Место | Пјацале дељи Уфици, 50122 Фиренца, Италија |
Тип | ликовен музеј, историско место |
Посетеност | 2,02 мил. (2016)[1] |
Директор | Елке Шмит |
Мреж. место | uffizi.it |
Затвори
Музеот е отпочнат кога Ана Марија Луиза Медичи, како последен член на династијата, ги подарила сите семејни збирки на градот Фиренца. Се вбројува меѓу првите музеи на светот, отворен за јавноста во 1765 г., а отворен за посетители со дозвола уште од XVI век. Уфици е формално прогласен за музеј во 1865 г.[2]
Денес Уфици е една од најзначајните знаменитости во Фиренца и меѓу најпосетените ликовни музеи во светот.[3]