Прадо
ликовен музеј во Мадрид, Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Музејот Прадо (шпански: Museo del Prado [muˈseo ðel ˈpɾaðo]), службено познат како Национален музеј Прадо (Museo Nacional del Prado), ― главниот шпански национален ликовен музеј, сместен во средиштето на Мадрид. Нашироко е сметан дека сместува едни од најдобрите светски збирки на европска уметност, која датира од 12 век до почетокот на 20 век, заснована на поранешната шпанска кралска збирка и единствената најдобра збирка на шпанската уметност. Основан како музеј на слики и вајарски дела во 1819 година, содржи и важни збирки на други видови дела. Музејот Прадо е едно од најпосетуваните места во светот и е сметан за еден од најголемите ликовни музеи во светот. Многубројните дела на Франциско Гоја, најобемно застапениот уметник, како и на Јероним Бос, Ел Греко, Петер Пол Рубенс, Тицијан и Диего Веласкес, се некои од главните претставници на збирката. Веласкес и неговото остро око и чувствителство биле исто така одговорни за носење на голем дел од прекрасната музејска збирка на италијански мајстори во Шпанија, сега најголемата надвор од Италија.
Надворешноста на Музејот Прадо | |
Основан | 1819 |
---|---|
Место | Пасео дел Прадо, Мадрид, Шпанија |
Тип | Ликовен музеј, историско место |
Посетеност | 852,161 (2020)[1] Рангиран 16. во светот (2020)[2] |
Директор | Мигел Фаломир[3] |
Јавен превоз |
|
Мреж. место | www.museodelprado.es |
Музејот Прадо (предна фасада) | |
Архитект | Хуан де Виљануева |
Неважечки статус | |
Службен назив: Национален музеј Прадо | |
Тип: | Непреместлив |
Критериуми: | Споменик |
Прогласено: | 1962 |
Број | RI-51-0001374 |
Во моментов, збирката содржи околу 8.200 цртежи, 7.600 слики, 4.800 графики и 1.000 вајарски дела, како и многу други уметнички дела и историски документи. Почнувајќи од 2012 година, музејот изложил околу 1.300 дела во главните згради, додека околу 3.100 дела биле на привремен заем на различни музеи и службени установи. Останатите биле во складиште.[4]
Поради пандемијата на КОВИД-19, во 2020 година посетеноста била намалена за 76 отсто на 852.161. Сепак, Прадо бил рангиран како 16-ти најпосетуван музеј на листата на најпосетувани ликовни музеи во светот во 2020 година.[5] Тој е еден од најголемите музеи во Шпанија.