Повратник (филм од 2015)
филм на Алехандро Гонзалез од 2015 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Повратник (англиски: The Revenant) — американски филм од 2015 година, во режија на Алехандро Гонсалес Ињариту, кој е и автор на сценариото, заедно со Марк. Л. Смит. Во главните улоги настапуваат: Леонардо ди Каприо, Том Харди, Вил Поултер и Донал Глисон. Во 2016 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 12 категории, а победил во три (најдобра режија, најдобар главен глумец и најдобар фотографија). Исто така, филмот освоил три награди „Златен глобус“ и четири награди „БАФТА“.