Алехандро Гонсалес Ињариту
мексикански режисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Алехандро Гонсалес Ињариту (роден на 15 август 1963 г.) — мексикански филмски режисер, сценарист, продуцент и поранешен композитор. Тој е првиот мексикански режисер номиниран за Оскар за најдобар режисер, за Вавилон (2007).
Алехандро Гонсалес Ињариту | |
---|---|
Ињариту во 2014 година | |
Роден(а) | 15 август 1963(1963-08-15) (60 г.) Град Мексико, Мексико |
Други имиња | Алехандро Г. Ињариту |
Занимање |
|
Активен период | 1984–сè уште |
Сопружник | Марија Еладија Хагерман |
Деца | 2 (син и ќерка) |
Потпис |
Шест долгометражни филмови на Ињариту — Кучешка љубов (2000), 21 грам (2003), Вавилон (2006), Прекрасно (2010), Човекот-птица (2014), и Повратник (2015) — собраа позитивни критики и бројни признанија, вклучувајќи Оскар номинации и победи. Во 2015 година, Ињариту добил Оскари за најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, и најдобар филм за Човекот-птица. Следната година, тој го добил Оскарот за најдобар режисер за Повратник, со што станал само третиот режисер во историјата кој победил во категоријата две последователни години, и прв по 1950 година.