Оплакување Христово
тема во христијанската уметност / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оплакување Христово — многу честа тема во христијанската уметност од развиениот среден век до барокот.[1] Откако Исус бил распнат, неговото тело било симнато од крстот и неговите пријатели го оплакувале околу неговото тело. Овој настан е прикажан од многу различни уметници.
Делата со оплакувањето многу често се вклучени во циклусите на Христовиот живот, а исто така претставуваат тема на многу поединечни дела. Еден посебен вид оплакување ја прикажува само мајката на Исус Марија како го лулка неговото тело. Ова оплакување е познато како Пиета (италијански значи „сожалување“).[2]