Италијанска архитектура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Архитектурата на Италија, позната како италијанска архитектура, се однесува на сите форми на оваа уметност во Италија. Италија има многу широк и различен архитектонски стил, кој едноставно не може да се класифицира по периоди и по региони, заради поделбата на Италија на неколку градови-држави до1861 година. Италија е позната по нејзините значајни достигнувања во архитектурата, како што е изградбата на аркади, куполи и слични структури во времето на Стариот Рим и основањето на архитектонската ренесанса при крајот на 14 до 16 век. Италија била татковина на Паладианизам, стил на градба којшто инспирирал движења како движењето на неокласична архитектура и имал влијание при градењето на благородничките куќи на село низ цел свет, особено во Велика Британија, Австралија и САД при крајот на 17 век до почетокот на 20 век. Неколку од најдобрите дела во западната архитектура, како Колосеум, Дуомо во Млано, катедралата во Фиренца и градбите на зградите во Венеција се наоѓаат во Италија. Во Италија има вкупно 100.000 споменици од сите сорти (музеи, палати, згради, скулптури, цркви, уметнички галерии, вили, фонтани, историски куќи и археолошки урнатини). Италијанската архитектура исто така имала значително влијание врз светската архитектура. Британскиот архитект Иниго Џонс, инспириран од градбите на италијанските згради и градови и од Андреја Паладио, ги донел идеите на италијанската ренесансна архитектура во Англија во 17 век. Исто така, италијанската архитектура која е популарна и во странство од 19 век, се користела да ја опише странската архитектура којашто се градела во италијански стил, особено по моделот на ренесансната архитектура.