Андреја Паладио
италијански ренесансен архитект / From Wikipedia, the free encyclopedia
Андреја Паладио (италијански: Andrea Palladio), родено име: Андреја ди Пјетро дела Гондола (Andrea di Pietro della Gondola); 30 ноември 1508 - 19 август 1580) — италијански ренесансен архитект од Падова.
Андреја Паладио | ||
Роден | Андреја ди Пјетро дела Гондола 30 ноември 1508 Падова | |
---|---|---|
Починал | 19 август 1580 Мазер, кај Тревизо | |
Националност | Венецијанец | |
Занимање | архитект |
Како влијателен архитект, Паладио развил свој паладијански стил кој се придржувал до класичните римски принципи, наспроти богатата орнаментација на ренесансата. Паладио проектирал многу цркви, вили и дворци, особено во Венеција и околината.
Стилот на Паладио станал мода во Европа. Во Британија, Иниго Џонс и Кристофер Рен го прифатиле неговиот стил. Друг обожавател на овој стил бил Ричард Бојл, IV Гроф од Корк, исто така познат како Лорд Берлингтон кој бил архитектот на куќата Чизик Хаус заедно со Вилијам Кент. Еден од подоцнежни експоненти кои ги популаризирале коцептите на Паладио бил и венецијанскиот архитект од XVIII век Џакомо Леони кој издал авторитативно дело од четири тома на таа тема.
Архитектурата на Паладио исто така била инспирација за класична музика, како на пример за делото од велшкиот композитор Карл Џенкинс со наслов Паладио. Оваа композиција е доста позната по својот прв став, кој бил употребен од страна на фирмата „Де бирс“ во една телевизиска реклама за дијаманти.