Државен музеј (Амстердам)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Државен музеј (холандски: Rijksmuseum) — музеј посветен на уметноста и историјата во градот Амстердам, Холандија. Се наоѓа во реонот Амстердам-Југ, недалеку од послични културни установи, како што се Музејот на Ван Гог, Градскиот музеј и Концертниот дом (Concertgebouw).[6]
Поглед на Државниот музеј | |
Основан | 18 ноември 1798[1] |
---|---|
Место | Museumstraat 1[2] Амстердам, Холандија |
Тип | ликовен музеј национален музеј историски музеј |
Фонд | 1.000.000 предмети[3] |
Посетеност | 2,2 милиони (2016)[4] |
Директор | Тако Дибитс[5] |
Претседател | Јап де Хоп Схефер[5] |
Јавен превоз | трамвајски: 2 5 , 7 , 10 , 12 [2] автобуски: 26, 65, 66, 170, 172, 197[2] |
Мреж. место | rijksmuseum.nl |
Основан е во Хаг во 1798 г., a десет години подоцна е преместен во Кралскиот дворец во Амстердам. По извесно време префрлен е во нови простории во, а подоцна во Триповиот дом (Trippenhuis), денес седиште на Кралска академија на уметностите и науките.[1] Музејот се вселил во сегашната зграда веднаш по нејзината изградба во 1885 г.[3] Во 2003 г. ова здание било затворено за обнова[7] и повторно отворено од кралицата Беатриса на 13 април 2013 г. Обновата траела цели десет години и чинело вкупно 375 милиони евра[8][9]
Музејот има вкупно милион предмети од уметничко и историско значење што го опфаќаат периодот од 1200 до 2000 г. Од нив се изложени 8.000 експонати.[3]
Збирката опфаќа слики од холандско-фламански мајстори од златното време како што се Јакоб ван Рејсдал, Франс Халс, Јан Вермер, Јан Стен, Рембрант и неговите ученици.[3]
Постои и мала азиска збирка изложена во Азискиот павилјон.[3]
Во состав на музејот работи и истражна библиотека од областа на историјата на уметноста, најголема од овој вид во земјата.