Диференцијал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диференцијал[1][2] (герм. Differential [getriebe], според Differenz: разлика од лат. differentia) или механизам за изедначување — во машинството, механизам кој овозможува раздвојување и механички пренос на торзиониот момент на сила (момент на усукување) од едното вратило на другите две под агол од 90°, при што бројот на вртежи на двете полуоски (секундарни вратила) може да бидат меѓусебно еднакви или различни, но секогаш такви што збирот на овие вртежи е константен, ако бројот на вртежи на погонското вратило е константен. Најмногу се користи кај автомобилите, каде што се вградува (монтира) како дел од оските на погонските тркала, кои во кривина се вртат со различни брзини. При погон без диференцијал, внатрешното тркало би се лизгало по подлогата. Диференцијалот може да биде изведен на неколку различни начини. Најчестата изведба на диференцијал е со стожести запченици (стожници).[3]