гранка на исламот From Wikipedia, the free encyclopedia
Шиизам или шиитски ислам (од арапски: شيعة Ши'ја) е вториот најголем огранок на исламот. Приврзаниците на шиитскиот ислам се нарекуваат Шиити или Шии."Шија" е кратка форма на историскиот исказ Шијату Али( شيعة علي)) што значи "следбеници","секта" или "здружение" на зетот и братучед на Мухамед, Алија ,за кој шиите веруваат дека е наследник на Мухамед. Како и другите гранки на исламот, шиитскиот ислам се темели на учењата од Коранот и на пораката на пророкот Мухамед. Спротивно на другите видови,шиите веруваат дека само Господ има право да избере претставник што ќе го штити исламот,Коранот и шеријатот.Според тоа шиите се потпираат на зетот на Али,зетот на Мухамед,за кој сметаат дека е божествено назначен како вистински наследник на Мухамед,и е првиот имам.Шиите го прошириле ова верување до семејството на Мухамед ,Ахл-ал-Бејт ("Луѓето од Куќата"), и одредени поединци помеѓу неговите потомци познати како имами,кои имаат посебен духовен и политички авторитет врз заедницата.И покрај тоа што низ историјата постоеја повеќе гранки на шиитскиот ислам, современиот е поделен на три главни гранки. Најголемата шиитска секта од почетокот на 21 век е идна ашарија („дванаесетници“), додека во помалите ограноци спаѓаат исмаили и заиди („петници“).алевии и друзи исто така се сметаат за секти на шиизмот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Зборот Шија(на класичен арапски јазик: شيعة ши'ја ˈʃиːʕа/значи следбеник и е кратка форма на историскиот исказ ши'јату Али(شيعة علي /ˈʃиːʕату ˈʕалиː), што значи "следбеници на Али","секта на Али" или "здружение на Али". Шија и Шиизам се форми кои се користат во англискиот јазик,додека Шиите или Шите,како и Шија,се однесуваат на нивните приврзаници.
Шија муслиманите веруваат дека кога Господ лично го назначил пророкот,само тој има право да го назначи неговиот наследник.Господ го избрал Али да биде наследник на Мухамед,несомнено првиот исламски калиф (калифа,поглавар на државата).Пред својата смрт Мухамед го назначи Али за негов наследник.Али беше прв братучед на Мухамед и најблиската жива машка роднина и воедно и негов зет,бидејќи се ожени со неговата ќерка Фатима.Али подоцна ќе стане четвртиот муслимански калиф.По последниот аџилак,Мухамед нареди собир на муслиманите кај езерцето Кхум и на тоа место го предложи Али за негов наследник.Хадисот од езерото Кхум беше раскажан на 18ти од Дуа-ал-Хиџа според исламскиот цалендар(10 март 632) на место наречено Гадир Кхум,кое се наоѓа близу до градот ал-Џунфа во Саудиска Арабија.
О Луѓе!Размислувајте за Коранот и сватете ги неговите стихови.Погледнети ги неговите јасни стихови и не ги следете неговите двосмислени делови,кои,се колнам во Аллах,никој не ќе може да ви ги објасни неговите предупредувања и неговите мистерии,ниту некој ќе ви ги разјасни неговите толкувања,освен оној на кој му ја зграпчив раката,го доведов при мене,(и му ја кренав раката),оној за кој ви кажувам дека на сите што сум им јас учител(Маула),овој Али е исто така нивни учител(Маула); а тој е Али ибн Аби Талиб ,мој брат,извршител на мојата волја (Васији),чие назначување како ваш заштитник и водич е ми е спуштено од Аллах,моќниот и величествениот.
Прошталната Исповед
Шија муслиманите веруваат дека ова е назначувањето на Мухамед на Али за негов наследник
По смртта на Мухамед во 632та година,најблиските роднини на Али и Мухамед ги направиле подготовките за погребот.Додека тие го подготвуваа неговото тело,Ебу Бекр,Умар и Ебу Убејда ибн ал Џара се сретнаа со водичите на Медина и го избраа Ебу Бекр за калиф.Али и неговото семејство беа вчудовидени,но го прифатија назначувањето за доброто на единството во раната муслиманска заедница.По убиството на третиот калиф Утман,во 657та година муслиманите во Медина го поканија Али да биде четврт калиф,кој како претстолнина ја зема Куфа,денешен Ирак. Владеењот на Али врз раната муслиманска заедница често беше оспорувано и се креваа војни против него.Поради тоа,тој со голем напор за да одржи моќ брз групите кои го предадоа откако оддадоа верност на неговото наследување,или оние кои сакаа да му ја заземат позицијата.На крајот расправијата доведе до Првата Фитна,којашто беше првата поголема граѓанска војна во исламскиот Калифат.Фитната како серија на бунтови против првиот имам,Али ибн аби Талиб како последица од атентатот на неговиот политички претходник,Утман ибн Афан.Додека бунтовниците што го обвинија Утман за непотизам го признаа калифатот на Али,истите тие подоцна се свртеа и бореа против него.Али владееше од 656 до 661та година,со што беше убиен во извршување молитва (суџуд).Главниот соперник на Али,Муавија, во тоа време го презема калифатот.
По смртта на Али,неговиот постар син Хасан стана водач на муслиманите во Куфа,и по серија на судири помеѓу мусмиланите од Куфа и војската на Муавија,Хасан се согласи да му го отстапи калифатот на Муавија и да одржи мир помеѓу муслиманите.Тогаш Хасан се повлече во Медина каде на 50-ти според Хиџретскиот цалендар почина од труење.
Помалиот син на Али и брат на Хасан,Хусеин,на почетокот се противеше на повикот да ги води муслиманите против Муалвија и повторно да го заземе калифатот.Во 680та година Муавија почина и го препушти калифатот на неговиот син Јазид;Јазид од Хусеин побара верност (баја),која тој ја одби.Сектата на Али ова го сметаше за предавство на мировниот договор,очекувајќи по смртта на Муалваја калифатот да се врати во редовите на Али.Во Куфа имаше масовна поддршка за Хусеин да се врати таму и да заземе позиција на калиф и имам,па така Хусеин го собра своето семејство и следбеници од Медина и замина за Куфа.На пат кон Куфа,војската на Јазид близу Карбала(сегашен Ирак) го блокираше,така што Хусеин и околу седумдесет и два члена од неговото семејство и следбеници беа убиени во Битката кај Карбала. Шиите го сметаат Хусеин за маченик(шехид) и го вбројуваат меѓу имамате од Ахл ал-Бејт.Тие го замислуваат Хусеин како бранител на исламот од уништување од рацете на Јазид први.Хусеин е последниот имам по Али коишто сите под гранки на шиите заеднички го признаваат.Битката кај Карбала често се цитира како конечен прелом помеѓу шиитските и сунитските секти на исламот,и секоја година шија муслиманите го одбележуваат на Денот на Ашура.
Голем дел од раните шиити како и Зајдиите се разликувале само маргинално од матичните сунити во нивните гледишта за политичко водство,но во оваа секта може да се види прочистување на шиитската догма.Првобитните сунити традиционално сметаа дека политичкиот водич мора да доаѓа од родот на Мухамед,то ест Курејш.Зајдите ги намалија политичките побарувања на следбениците на Али,изнесувајќи дека не секој од потомците на Али може да биде избран да го води муслиманското општество(умах),туку оние диреткни машки потомци на Мухамед преку сојузот на Али и Фатима.Но за време на бунтовите против калифатот на Абасид,другите шиити кои станаа познати како имамија(следбеници на имамите),го следеа теолошкото училиште на Џа'фар ал Садик.Тие изразија повозвишена религиска улога на за имамите и инсистираа дека во било кое време без разлика на моќкта,еден машки потомок на Али и Фатима е божествено назначен имам и единствен авторитет,на сите верски и правни прашања.На тие шиити,љубовта кон иаммите и каузата што ја следат стана исто толку важна колку и вербата во божјата единственост и мисијата на Мухамед. Подоцна голем дел од шиитите,вклучувајќи ги Твелверите и Исмаилите,станаа Имамиси.Овој вид на шиити веруваа дека имамите се духовни и политички наследници на Мухамед.Имамите се човечки единки кои не само што праведно владеат со општеството,туку исто така се способни да го одржат и протолкуваат божествениот закон и неговото мистично значење.Зборовите и делата на Мухамед и имамите се водич и пример што општеството треба да го следи;поради тоа,тие не смеат да прават гревови и грешки,и мора да бидат избрани од божествена одлука,или нас,преку Мухамед. Според ова гледиште,секогаш има имам на годината,кој е божествено назначен авторитет за сите верски и правни прашања во муслиманското општество.Али е првиот имам од оваа низа,легитимниот наследник на Мухамед,проследен од машки потомци на Мухамед преку неговата ќерка Фатима.Разликата помеѓу следењето на било Ахл-ал-Бејт (Семејството на Мухамед и неговите потомци) или калифот Ебу Бекр ги оформи шиитските или не-шиитските гледишта на некои од коранските стихови,хадисите(раскажувањата на Мухамед) и други области од исламот.На пример,збирката на хадисите длабоко почитувана од шија муслиманите е центрирана на раскажувања од членови на Ахл-ал-Бејт и нејзините поддржувачи,додека хадиси од раскажувачи кои не припаѓаат или не ја поддржуваат Ахл-ал-Бејт не се вклучени (оние на Ебу-Хурејра[мртва врска],на пример којшто е лажго,Ибн Асакир во неговото Тарик Кабир и Мутаки во неговиот Канзу'л-Ума извештај кој тврди дека калифот Умар го камшикувал,го укорил и му забранил да раскажува хадис од Светиот Пророк.Умар рече: "Поради тоа што пренесуваш хадиси од Светиот Пророк во огромен број,само му препишуваш лаги.(тоа значи дека секој очекува да кажеш ништо повеќе освен лаги за Светиот Пророк.)Затоа мора да престанеш да пренесуваш хадиси од пророкот ,инаку ќе те пратам во земјата на Дус".(Клан во Јемен на кој му припаѓал Ебу Хурејра.) ) Според сунитите,Али е четвртиот наследнк на Ебу Бекр,додека шиите се истрајни во тоа дека Али е првиот божествено одобрен "Имам" следбеник на Мухамед.Најепохалниот момент во историјата на шиите е маченичката смрт на синот на Али,Хусеин ибн Али при Битката кај Карбала во 680та година,кој водеше неприврзаничко движење против дрскиот калиф(седумдесет и еден од следбениците на Хусеин исто така беа убиени).Хусеин постана симбол на отпор од тиранија. Во Твелверскиот и Исмаилскиот шиитски ислам се верува дека 'акл, божествената мудрост е извор на душите на пророците и имамите која им даваше мистично знаење наречено хикма и дека нивните страдања беа од божествена наклонетост кон своите приврзаници.И покрај тоа што имамот не беше примател на божествено откритие, тој имаше блиска врска со Господ низ која го водеше,а имамот за возврат ги водеше луѓето. Имаматот,или верување во божественото водство, е фундаментално верување кај Твелверските и Исмаилиските шиитски ограноци и се темели на замислата дека Господ нема да го остави човештвото без пристап до божественото напатствие.
Шиитската исламска вера е пространа и вклучува многу различни групи. Теолошките верувања и религиските обичаи на шиитите како што се молитвите,многу малку се разликуваат од сунитските. Додека сите муслимани се молат пет пати на дневно,шиитите имаат избор на постојана комбинација на Дхур со Аср и Магриб со Иша', бидејќи во коранот се спомнуваат три различни временски термини.Сунитите настојуваат да комбинираат само под одредени околности. Шиитскиот ислам отелотворува систем целосно независен од религиско толкување и политички авторитет во муслиманскиот свет. Шиитскиот идентитет проникна во времето на животот на Мухамед, и шиитската теологија се создаваше во вториот век според хиџретскиот цалендар или после Хиџра(осми век според христијанскиот календар). Првата шиитска влада и општества беа создадени при крајот на третиот век според хиџра,или деветти според христијанскиот календар.Четвртиот век според хиџра или десетти според христијанскиот цалендар, Луи Масињон го нарекува како 'Векот на Исмаили шиитите во историјата на исламот'.
Шиите веруваат дека статусот на Али го поддржуваат бројни хадиси,вклучувајќи го Хадисот од езерото Кум,Хадисот на двете значајни нешта,Хадисот за перото и хартијата,Хадисот за поканата на блиските семејства и Хадисот за Твелверските Наследници.Особено Хадисот за Наметката често се цитира за да ги изрази чувствата на Мухамед кон Али и неговото семејство како од сунитските така од шиитските ученици.Шиите ги претпочитаат хадисите препишани на Ахл-ал-Бејт и блиските соработници,и имаат своја посебна збирка на хадиси.
Шиитската верзија на Шехадетот,исламското признавање на верата,се разликува од онаа на сунитите.Сунитскиот Шехадет наведува дека Нема друг Бог освен Аллах,Мухамед негов гласник,но шиите на ова додаваат Али е негов (на Мухамед) вали (чувар). Оваа фраза го отелотворува нагласувањето на шиите за наследувањето на авторитетот преку лозата на Мухамед.Трите точки од шиитскиот Шехадет изјавуваат теухид (единственост на Господ), нубува (пророштвото на Мухамед) , и имама ( имамат, раководството на верата).
Од периодот за време на калифот Фатмид постои историска џамија во Каиро.Џамијата Акмар е позната по својата фасада која што е внимателно украсена со натписи и геометриски резби.Веднаш над влезната врата се гледа изрезбан медаљон со натписи од куранскиот стих 33.33 со што се опкружени имињата на Мухамед и Али.Стихот гласи: "О семејство на пророкот,Господ само сака да ви ги отстрани гревовите и да ве исчисти од нив“. Шиите ова го сфакјаат како доказ за тврдењето на имаматот на Али и неговите потомци кои го изгубиле калифатот за да ги добијат невидливите? Во продолжение на гореспоменатата комбинација на Мухамед и Али,поистакнати се украсувањата на левата половина на фасадата на џамијата,каде името на Али е во центарот и е опкружено пет пати со името на Мухамед поврзано.На аголот има три вдлабнатини со испишан стих од коранот 16.128: " "сигурно Господ е со(на врвот),оние коишто се плашат од него(најдоле десно) и со оние кои чинат добри дела (најдоле лево)". На обете страни од горните вдлабнатини има украсни дискови од кои едниот го има името на Мухамед а другиот на Али.Значи горниот дел може да се прочита како ваква порака: "Сигурно Господ е со Мухамед и со Али. "
Исма е концепција на безгрешност или "божествено испратена слобода од грешки и гревови".Муслиманите веруваат дека Мухамед и другите пророци поседувале Исма.Твелвер и Исмаили шиитските муслимани исто така го препишуват овој квалитет на имамите како и на Фатима,ќерката на Мухамед,спротивно на Заидите кои не го препишуваат на имамите.Според шиитските теологичари,безгрешноста се смета за разумен неопходен предуслов за духовно и верско водство.Тие докажуваат дека поради тоа што Господ заповедал целосна послушност од овие ликови,тие мора да заповедаат само она што е правилно.Состојбата на безгрешност се темели шиитското толкување на стихот за прочистување (33.33).Според тоа.тие се најчистите,најбеспрекорните.сочувани и имуни на сите нечистотии.Тоа не значи дека натприродните сили ги спречуваат од извршување на грев,туку поради фактот што тие имаат апсолутна верба во Господ,се наоѓаат себеси во присуство на Господ. Тие воедно имаат целосно знаење за волјата на Господ.Тие го имаат сето знаење спуштено од ангелите до пророците (неби) и гласниците(ресул) .Нивното знаење ја опфаќа целокупноста од сите времиња.Поради тоа тие делуваат безгрешно по верските прашања.Шиите не само што го сметаат Али за наследник на Мухамед кој владеел праведно со општеството,туку и како толкувач на исламските обичаи и нивното мистично значење.Тоа значи дека го сметале за ослободен од грешки и гревови (безгрешен),и назначен од Господ преку божествена одлука (нас) како прв имам.Според гледната точка на шиите,слично на Мухамед,Али е познат како "совршен човек" (ал-инсан ал-камил).
Окултацијата е верување во некои облици на шиитски ислам дека месијански лик,исчезнат имам познат како Мехди,еден ден заедно со Исус ќе се врати и светот ќе го исполни со правда.Според шиите Твелвери,главната цел на Мехди ќе биде да воспостави исламска држава и да ги примени исламските закони кои му беа откриени на Мухамед.Некои шиити како што се Заиди и Низари Исмаили не веруваат во идејата на Окултацијата.Групите кои веруваат во тоа се разликуваат по тоа која лоза на имамот е важечка,и оттаму која единка влегла во Окултацијата.Тие веруваат дека има многу знаци што би го покажале времето на неговото враќање. Твелверските шија муслимани веруваат дека имам Мехди (дванаесеттиот имам ,Мухамед ел-Мехди) е веќе на земјата,се крие и ќе се врати на крајот од времето.Фатимид/Бохра/Давуди Бохра веруваат во истото но тоа важи за нивниот дваесет и први имам Тајиб.Сунитите пак веруваат дека идниот Мехди сè уште не пристигнал на земјата.
Историчарите спорат за потеклото на шиитскиот ислам ,каде многу западни ученици тврдат дека шиизмот започнал како политичка секта,а не како вистинско верско движење.Сепак други ученици не се согласуваат со тоа,сметајќи ја оваа концепција или верско-политичка сепарација за анахронична примена на западната концепција.По Битката кај Карбала,бидејќи разни групи поврзани со шиите се измешале во растечкиот исламски свет,се издигнаа неколку земји со шиитско водство или населеност. • Идрисиди[мртва врска] (788 до 985 ):зајдиска династија,денешно Мароко • Фатимиди[мртва врска] (909-1171):контролираа голем дел од Северна Африка,Левант,делови од Арабија,Мека и Медина. • Укајлиди[мртва врска] ( 990 до 1096) арапска шиитска династија со неколку редови кои владееле со Ал-Џазира,Сирија и Ирак. • Бујиди[мртва врска] (934-1055):на врвот се состоеше од огромни делови на денешен Ирак и Иран • Илканат[мртва врска] ( 1256-1335): Монголски канат сместен во Персија во тринаесеттиот век,се смета за дел од Монголското Царство.Илканатот првично се темелел на походите на Џингис Кан во Кварезмидската Империја од 1219-1224та година,и основани од страна на внукот на Џингис,Хулагу,во територии кои денес се сосавени голем дел од Иран,Ирак,Авганистан,Туркменистан,Ерменија,Азербејџан,Грузија,Турција и Пакистан.На почетокот во илканатот се прифаќаа многу религии,но посебно внимание се одаваше на Будизмот и Христијанството.Подоцнежните владетели на илканатот,започнувајќи со Газан во 1295та година,го прифати шиитскиот ислам. • Бахмани[мртва врска] ( 1347-1527):муслиманска шиитска држава на висорамнината Декан во јужна Индија и една од најголемите средновековни индиски кралства.Султанатот Бахманид беше првото незавнисно исламско Кралство во Јужна Индија.
Главна пресвртна точка во шиитската историја е династијата Сефевиди во Персија (1501-1736) • Крајот на заемната толеранција помеѓу сунититите и шиитите што постоеше од времето на понатамошните монголските освојувања и оживување на соперништво помеѓу двете групи. • Почеток на појавувањето на незавнисното тело на улема способно за заземање на политички став различен од државните политики • Раст на значењето на иранските центри за верско учење и промена од Твелверски шиизам во станување на претежен арапски феномен. • Растот на училиштето Акбари кое проповедаше дека само Коранот и хадисите се основи за донесување одлуки и пресуди,одбивајќи ја употребата на разум. Со падот на Сефевидите, персиската држава вклучувајќи го и државниот судски систем со судии избрани од владата(кадис)-стана многу послаба.Тоа на шеријатските судови составени од муџахиди им даде можност да ја искористат слабоста овозможи на улемата "да го потврди својот судски авторитет".Во ова време исто така се зацврсти и училиштето Усули.
Различно се проценува дека од 10 о 20 проценти од муслиманското население во светот се шиити.До 2009та година може да постоеја до 200 милиони.Држави со шиитско мнозинство се Иран,Ирак,Азербејџан и Бахраин.Тие сочинуваат 36.3 проценти од целото месно население и 38.6 проценти од локалното муслиманско население на средниот исток.Шиитските муслимани сочинуваат 27 проценти од населението во Либан,повеќе од 45 проценти во Јемен,од 20 до 40 во Кувајт,повеќе од 20 проценти во Турција,од 10 до 20 во Пакистан,од 10 до 19 проценти од Авганистанското население.Саудиска Арабија е дом на различни шиитски заедници,вклучувајќи ги бахраинските Твелвери во источната покраина и Накавила од Медина,Сулејмани Исмаилите и Задија од Наџран.Проценките соопштуваат од 2 до 4 милиони шиитски граѓани,грубо кажано тоа се 15 проценти од месното население.Во Нигерија постои значајно шиитско малцинство,составено од современи преминувачи до синкретичко шиитско движење,со центар околу државата Кано.Во Источна Африка постојат неколку шиитски населенија од Исмаилите,главно потомци на доселеници од Јужна Азија за време на периодот на колонизација,како што е Која.Според шиитските муслимани еден од проблемите што се одолговлекува е проценката на шиитското население,што значи дека додека шиите не основаат значајно малцинство во една муслиманска држава,целото население често се запишува како сунитско.Обратната страна сепак не се покажа како точна,што може да придонесе до непрецизни проценки на големината на секоја секта.На пример,издигнувањето на Куќата на Сауд во 1926та година во Арабија донесе официјална дискриминација против шиите.
Историјата на сунитско-шиитските односи често вклучувала насилство,што датира уште од раниот развиток на овие две сопернички секти.Со воспоставена военост и одржување контрола врз Умајад владата,голем дел од сунитските водачи шиите ги сметале за закана,како за нивниот политички така и за верскиот авторитет.Сунитските водичи под водство на Умајадите се стремеа кон маргинализирање на шиитското малцинство,и подоцна Абасидите се свртеа кон нивните сојузници и ги заробуваа,прогонуваа и убиваа.Прогонувањето на шиите низ историјата од страна на сунитските ко-вероисповедувачи често се одликува како брутален и геноциден чин.Сочинувајќи само околу 10-15 проценти од целокупното муслиманско население,до ден денес шиите остануваат маргинализирана заедница во многу арапски држави со сунитска доминација.немајќи права за праткикување на верата и да се организираат.Во различни времиња многу шиитски групи се соочиле со прогонство.Во 1514та година отоманскиот султан Селим први нареди масакр на 40.000 анадолски шиити.Според Џалал Ал-еАхмед,"Селим први отиде толку далеку што најави дека убивањето на еден шиит има иста спиритуална награда како за убивање на седумдесет христијани."Во 1801та година војските на Сауд-Вахаби ја нападнаа и ограбија Карбала,шиитскиот храм во источен Ирак што ја одбележува смртта на Хусеин.Во Март 2011та година,владата на Малезија ги прогласии шиите како 'девијантна' секта и им забрани да ја промовираат нивната вера на другите муслимани,оставајќи им слобода да ја практикуваат самите.
Сунитите и шиитите ги слават следниве годишни празници • Еид-ул-Фитр[мртва врска],што го обележува крајот на постењето во месецот Рамадан • Еид-ул-Ада,што го одбележува крајот на Хаџот или аџилакот кон Мека. Следниве денови се едни од најважните празници од гледна точка на шиитските муслимани: • Еид-ал-Гадир[мртва врска],кој е годишнина на Гадир Кхум,настанот кога Мухамед го најави имаматот на Али пред толпа муслимани.Еид-ал-Гадир се одржува на 18ѕти од Дуа ал Хиџа. • О плакувањето на Мухарем и Денот на Ашура бидејќи шиите го одбележуваат мачеништвото на Хусеин ибн Али.Имам Хусеин е внук на Мухамед,кој беше убиен од Јазид ибн Муавија.Ашура е ден на длабоко оплакување што се случува на 10-ти од месецот Мухарем. • Арба'ин го одбележува страдањето на жените и децата од домаќинството на Хусеин ибн Али.Откако го убиле Хусеин,нив ги влечеле низ пустината,од Карбала (централен Ирак) до Шам (Дамаск,Сирија).Многу од децата(некои од кои беа директни потомци на Мухамед) умреле од глад и изложеност за време на маршот. Арба'ин се одржува на 20-ти од Сафар,четириесет дена по Ашура. • Мевлид[мртва врска],датумот на раѓање на Мухамед.За разлика од сунитите кои го слават 12тиот ден од Раби Ал Авал како датум на раѓање или ден на смртта на Мухамед(бидејќи тие велат дека раѓањето и смртта се во иста седмица),шиите го слават 17тиот ден од месецот,што исто така се совпаѓа со датумот на раѓање на шестиот имам Џафар ал-Садик.Битно да се забележи е тоа што не сите сунити го слават раѓањето на Мухамед,тврдејќи дека тоа е бидах(новитет во верата). • Роденденот на Фатима[мртва врска] на 20-ти од Џумада ал-Тани.Исто така се смета за ден на "Жените и Мајките". • Роденденот на Али[мртва врска] на 13ти од Раџаб.Воедно се смета за ден на "Мажите и Татковците". • Мид-Шабан[мртва врска] е датумот на раѓање на последниот и дванаесетти имам од Твелверите[мртва врска],Мухамед ал-Мехди.Шиитите го слават на 15ти од месецот Шабан. • Лејлетул Кадр, годишнина на ноќта на откривањето на Коранот. • Еид-ал-Мубахила[мртва врска] слави средба помеѓу Ахл-ел-Бејт (семејството на Мухамед) и христијанско пратеништво од Неџран.Ал-Мубахила се одржува на 24ти од Дуа ал Хиџа.
Најсветите места заеднички за сите муслимани се Мека,Медина и Ерусалим.За шиите голема почит уживаат Храмот на Имам Хусеин,Џамијата на Ал Абас во Карбала и Џамијата на Имам Али во Наџаф.Други почитувани места се гробницата Вади-ус Салам во Наџаф,гробницата Ал-Баки во Медина,храмот на Имам Реза во Машад,Џамијата Кадимија во Кадимија.Џамијата Ал-Аскари во Самар,Џамијата Сахија и Големата Џамија на Куфа во Куфа и неколку други места во градовите Ком,Суса и Дамаск.Поголемиот дел од светите исламски објекти во Саудиска Арабија се уништени од В ехабиите и од саудиското кралско семејство,од кои најзнаменити се гробовите во гробницата Ал-Баки 1925та година.Во 2006 година експлозија на бомба го уништи храмот на Џамијата Ал-Аскари.
Верата на шиите низ историјата се поделила поради прашањето по имаматот.Најголема гранка се Твелверите,а по нив следат Заиди и Исмаили.Трите групи следат различна линија на имаматот.
Твелвер шија или идна'ашарија е најголемата гранка на шиитски ислам и обично терминот шија муслиман се однесува на Твелверите.Терминот Твелвер е изведен од доктрината на верување во дванаесетте свети ракоположени водачи,познати како Дванаесетте Имами.Твелвер шиите се исто познати како Имами или Џа'фари што потекнува од името на шестиот имам Џафар ал-Садик,кој ја разработил правната наука на твелверите.Твелверите го сочинуваат мнозинството од населението во Иран (90%),Азербејџан (85%),Бахреин (70%),Ирак (65%) и Либан (65% од муслиманите).
Догмата на твелверите се темели на пет принципи.Овие принципи познати како Усул-ад-Дин се следниве: 1. Монотеизам[мртва врска], Господ е еден и единствен. 2. Правда[мртва врска],концепцијата на морална праведност што се темели на етика,правичност и непристрасност,заедно со казната за прекршување на искажаната етика. 3. Пророштво[мртва врска], установа преку која Господ праќа пратеници или пророци за да го водат човештвото. 4. Управување[мртва врска], божествена установа која ја наследува установата на пророштвото.Нејзините назначеници (имамите) се божествено назначени. 5. Последно судење, последното испитување на човештвото од страна на Господ. Попрецизно,овие принципи се познати како Усул-ад-Мадаб (принципи на шиитските секти) според твелверските шиити кои се разликуваат од Даријат-ал-Дин (Потреби на Религијата) кои се принципи потребни за некој да стане муслиман.Потрбите на религијата не вклучуваат управување (имамах) бидејќи не е услов за некој да биде признат како муслиман.Меѓутоа,оваа категорија според твелверските ученици Ајатола-ал-Хоеи,вклучува верување во Господ,Пророштво,денот на повторно оживување и други "потреби"(како верувањето во ангели).Во овој поглед твелверските шиити прават разлика во изразите во верување во основните принципи на исламот од една страна,и посебно верување во шиитските догми како Имамах од другата страна.
Според твелверите,Дванаесетте Имами се духовни и политички наследници на Мухамед.Според твелверската теологија,наследникот на Мухамед е непогрешлива човечка единка која не само што праведно владее со општеството,туку и е способна да го задржи божествениот закон и да го протолкува неговото мистично значење.Зборовите и делата на Мухамед и Имамите се водич и пример што општеството треба да го следи;поради тоа тие мора да бидат ослободени од грешки и гревови,и имамите мора да бидат избрани од божествена одлука,или нас,преку Мухамед.Секој имам е син на претходниот имам,со исклучок на Хусеин ибн Али кој беше брат на Хасан ибн Али.Дванаесеттиот и последен имам е Мухамед ал-Мехди,кој според верувањето на твелверите е жив и е во окултација.
Правната наука на твелверите исто се нарекува и правна наука на Џафари[мртва врска].Во оваа област Сунетот се смета за усната традиција на Мухамед и нејзина имплементација и толкување од страна на дванаесетте имами.Постојат три училишта за правната наука на Џафари.Усули,Акбари и Шеики[мртва врска].Школата Усули е далеку најголема.Групи на твелвери што не ја следат оваа правна наука се Алави,Алеви,Бекташи и Кизилбаш.Во правната наука на Џафари постојат десет помошни столбови,познати како Фуру ад-Дин ,а тоа се:
1. Молитва[мртва врска]
2. Постење[мртва врска]
3. Аџилак[мртва врска]
4. Давање милостиња(зеќат)
5. Борба (џихад,света војна)
6. Насочување на другите кон добро
7. Одвлекување на другите од зло
8. Давање милостиња(една петтина) (20% данок
на годишните приходи со намалување на домаќинските и трговските трошоци)
9. Сакај ги оние коишто се на божјиот пат
10. Избегнување на оние кои му се спротивставуваат на Господ
Според твелверите,дефинирање и толкување на исламската правна наука е одговорност на Мухамед и дванаесетте имами.Поради тоа што дванаесеттиот имам е во окултација,свештениците имаат должност да се справуваат со исламската литература како што се Коранот и хадисите и да донесат легални одлуки во границите на исламскиот закон за да обезбедат средства за справување со тековните проблеми од исламска гледна точка.Со други зборови,твелверските свештеници обезбедуваат старателство на исламската правна наука,што го одреди Мухамед и неговите дванаесет наследници.Оваа постапка е позната како Иџтихад и свештениците се познати како Мерџа'.Именувањата Алиама и Ајатола се употребуваат за твелверски свештеници.
Заидија,Заидизам или Зајди е втората по големина гранка во шиитскиот ислам.Тоа е шиитско учење именувано по Зејд ибн Али.Следбениците на Заиди фикн се наречени Заидици (или од време на време Фајверс).Меѓутоа,исто така постои група под името Заиди Васитис кои се Твелвери (погледни подолу).Заидиците сочинуваат приближно 40-45% од населението во Јемен.
Заидите,Твелверите и Исмаилите ги признаваат првите четири имами;меѓутоа,заидите го признаваат Зејд ибн Али како петтиот.По времето на Зејд ибн Али,било кој потомок на Хасан ибн Али или Хусеин ибн Али може да биде имам доколку ги исполни одредените услови,е она што заидите го признаваат.Останати добро познати имами на заидите во минатото се Јахја ибн Зејд,Мухамед ал-Нафс аз-Закија и Ибрахим ибн Абдула.По правна исламска материја,заидиците го следат учењето на Зејд ибн Али кое е документирано во неговата книга Меџму'л Фикх (на арапски ). Ал-Хади ила'л-Хак Јахјам,основач на заидиската држава во Јемен,установи елементи од правно научната традиција на сунитскиот муслимански правник Абу-Ханифа,и поради тоа правната наука на заидите денес продолжува донекаде во паралела со онаа на Ханафите. Заидската доктрина за имамахот не подразбира непогрешливост на имамот ниту дека имамите добиваат божествено напатствие.Заидите исто така не веруваат дека имаматот мора да се пренесува од татко до син но веруваат дека може да го задржи секој Сејид што води потелко од Хасан ибн Али или Хусеин ибн Али (што беше случај кога почина Хасан ибн Али).Историски,заидите сметаат дека Зејд беше најправилниот наследник на четвртиот имам бидејќи тој водеше бунт против Умајадите приговарајќи на нивната тиранија и корупција.Мухамед ал-Бакир не презема политичка акција,а следбениците на Зејд веруваат дека вистинскиот имам мора да се бори против корумпираните владетели.
Идрисидите[мртва врска] (арапски[мртва врска]:الأدارسة) е арапска заиди шиитска династија во западен Магреб[мртва врска] владеејќи од 788 до 985та година ,именувана по првиот нејзин султан Идрис први.Беше основана Заидиска држава во Гилан,Дејламан и Табаристан (северен Иран) во 864та година од страна на Алавидите;траеше сè до смртта на нејзиниот водич во рацете на Саманидс во 928та година.Приближно по четириесет години државата повторно оживеа и преживеа во Гилан под водство на Хасанидите до 1126та година.Подоцна,од дванаесеттиот до тринаесеттиот век,заидите од Гилан,Дејламан и Табаристан тогаш ги признаа заидските имам од Јемен или противничките заиди имами во Иран.Бујидите[мртва врска] на почетокот беа Заиди,исто како и владетелите Бену Укаидир од ал-Јамама во деветтиот и десеттиот век.Водичите на заидското општество го заземаа насловот Калиф.Како таков,владетелот на Јемен е познат како Калифот,ал-Хади Јахја бин ал-Хусеин бин ал-Касим ар-Раси Расидс (потомок на синот на Али,Хасан ибн Али) кој во градот Саада од 873-7та година,го основа имаматот на заидите и овој систем продолжи до средината на XX век ,кога револуцијата 1962та година го исфрли заидискиот имам.Основачкиот заидизам во Јемен е од групата Џарудија;сепак,со зголемената интеракција со обредите на Ханафи и Шафии од сунитскиот ислам,се случи поместување од групата Џарудија во Сулејманија,Табирија,Бутрија или групите Салихија.Заидиците ја сочинуваат втората најдоминантна верска група во Јемен.Денес,тие сочинуваат околу 40-45% од населението во Јемен.Џафариите и Исмаилите се 2-5%.Во Саудиска Арабија се проценува дека постојат преку еден милион заидици (главно во западните подрачја).Денес најистакнато движење на заидите е движењето Хоутис,познато под името Шабаб ал Муминин (Верничка Младина).Тие беа предмет на активен поход против нив од страна на владата на Јемен во која војската загуби 743 луѓе,и беа убиени или раселени илјадници цивили од владините сили што создаде сериозна хуманитарна криза во северен Јемен.
Исмаилите го добиле своето со прифаќањето на Исмаил ибн-Џафар како божествено назначен духовен наследник (имам) на Џафар ал-Садик,во што се разликуваат од Твелверите кои го прифаќаат Муса ал-Кадим,помалиот брат на Исмаил за Имам.По смртта или окултацијата на Мухамед ибн Исмаил во осмиот век,исмаилистичкото учење подлабоко се трансформира во систем на верување како што е познат во денешно време,со јасна концентрација на длабокото и мистично значење (батин) на верата.Со евентуалното развивање на твелверизмот во по литературно (захир) ориентирани мисловни школи Акбари и подоцна Усули,шиизмот се разви во две различни насоки: метафоричката група на исмаили со фокус на мистичната патека и божјата природа и божественото покажување во личноста на "Имамот на Времето" како "Лице на Бога",и втората по литературна група на твелвери која се фокусира на божествениот закон (шеријат) и делата и кажувањата на Мухамед (сунет) и неговите наследници (Ахл ул-Бејт),кои како А'имах беа водичи и светла кон Господ.Покрај тоа што постојат под-групи во рамките на исмаилите,изразот во денешниот домашен јазик општо се однесува на заедницата Низари,кои се следбеници на Ага-Кан и најголемата група помеѓу исмаилите.Друга заедница која спаѓа под исмаилите е Давуди Борас,под водство на Да'иа ал-Мутлак како претставник на скриен имам.Додека постојат многу други гранки со екстремни надворешни разликувања во обичаите,голем дел од духовната теологија останала иста од времето на верата на првите имами.Во последниве векови исмаилите во голема мера се Индо-Иранска заедница,но постојат и во Индија,Пакистан,Сирија,Палестина,Саудиска Арабија,Јемен,Кина,Јордан,Узбекистан,Таџикистан,Авганистан,Источна и Јужна Африка,и во последниве години емигрирале во Европа,Австралија,Нов Зеланд и Северна Америка.
По смртта на Исмаил ибн Џафар,многу исмаили веруваат дека завршила лозата на имаматот и дека еден ден месијанскиот Мехди,кој тие веруваат дека е Мухамед ибн Исмаил,ќе се врати и ќе воспостави доба на правдата.Еда група ги вклучуваше и насилните Карматијците[мртва врска] кои имаа тврдина во Бахреин.Спротивно на тоа,некои исмаили веруваа дека имаматот продолжил и дека имамите се во окултација и сè уште комуницираат и ги подучуваат своите следбеници преку мрежа на дауа "Мисионери".Во 909та година,барателот на имаматот на исмаилите Убејд Аллах ал-Мехди Биллах го воспостави Калифатот Фатимид.За време на овој период се создале три лози на имами.Првата гранка позната како Друзе,започна со Ал-Хаким би-Амр Аллах.Роден во 386та хиџретска година (985),тој се издигна како водич на единаесетгодишна возраст.Фатимидската Империја[мртва врска] која била карактеристична по верска толеранција доживеа прогонување за време на неговото владеење.Во 411тата хиџретска година (1021) неговата мазга се вратила без него натопена во крв,религиозна група која се формираше додека тој беше жив се распадна од матичниот исмаилизам и не го призна неговиот наследник.Подоцна познати како Друзе[мртва врска],тие веруваат дека Ал-Хаким е божја инкарнација и претскажаниот Мехди кој еден ќе се врати и ќе донесе правда во светот.Верата се раздели од исмаилизам бидејќи разви многу необични учења кои често прават поделба меѓу исмаилизмот и исламот.Втората поделба се случи по смртта на Маад ал-Мустенсир Биллах во 487 х.г (1094).Неговото владеење е подолго од било кој калиф во сите исламски империи.По неговата смрт,неговите синови,постариот Низар и помладиот Ал-Мустали се бореле за политичка и духовна контрола врз династијата.Низар доживеа пораз и беше заробен,но според традицијата на Низарите,неговиот син побегна во Аламут каде што иранските исмаили го прифатија неговото право.Од тука натаму низарското општество продолжи со сегашен,жив имам.Лозата на Мутаали повторно се раздели помеѓу Таијаби (главна гранка е Давуди Бохра) и Хафизите[мртва врска].Претходниците тврдат дека Ат-Тајиб Аби-л-Касим (син на Ал-Амир би-Ахками л-Лах) и имамите што го следеле избледеле во период на анонимност (Даур е Сатр) и го назначиле Даи ал-Мутлак за водич на општеството,на сличен начин како што живееле исмаилите по смртта на Мухамед ибн Исмаил.Подоцнежните (Хафизи) тврдеа дека водичот на Калифот Фатимид е имамот,и изумреа со падот на Фатимидската Империја. Столбови[мртва врска] Исмаилите ги категоризирале нивните обичаи коишто се познати како седум столбови • Валајах[мртва врска] (старателство,чување) • Тахарах[мртва врска] (чистота) • Салах[мртва врска] (молитва) • Зеќат[мртва врска] (милосрдие) • Саум[мртва врска] (постење) • Хаџ[мртва врска] (аџилак) • Џихад[мртва врска] (света војна,борба) Шехадетот (признавање на вера) на шиите се разликува од оној на сунитите по споменувањето на Али.
Низарите даваат значење на училишните установи поради постоењето на присутен имам.Имамот на Епохата ја одредува правната наука,и неговото водство може да се разликува од она на претходните имами поради различните времиња и околности.За низарските исмаили имам е Карим ал-Хусајни Ага Кан Четврти.Лозата на низарските имами продолжи до ден денес како бескрајна лоза. Божественото водство продолжи и во гранката Бохра преку установата "Неограничено Мисионерство"Даи.Според традицијата на Бохра,пред последниот имам Ат-Тајиб аби-л-Касим да се повлече,неговиот татко и 20-тиот имам Ал-Амир би-Ахками л-Лах,го подучи Ал-Хура Ал-Малика владетелот (мажот на кралицата) во Јемен да назначи заменик по повлекувањето-Неограниченото Мисионерство,кој како заменик на имамот има целосен авторитет да ракаводи со општеството како духовни така по световни прашања додека лозата на имамите Мустаали-Тајиби остане во изолација (Даур е-Ситр).Трите гранки на Мустаали,Алеви Бохра,Сулејмани Бохра и Давуди Бохра се разликуваат по тоа кој е тековен Неограничен Мисионер.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.