село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Шелеверци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Шелеверци | |
Координати 41°14′26″N 21°28′54″E | |
Општина | Прилеп |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 20112 |
Шелеверци на општинската карта Атарот на Шелеверци во рамките на општината | |
Шелеверци на Ризницата |
Селото е сместено во областа Пелагонија.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шелеверци живееле 66 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Шелеверци имало 80 Македонци, патријаршисти.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Шелеверци е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во Шелеверци живееле 21 жител, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 66 | 80 | 130 | 124 | 137 | 137 | 81 | 44 | 33 | 21 | 6 |
Шелеверци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, повеќето родови не знаат од каде се доселени.
Родови во Шелеверци се:
Во селото постои избирачкото место бр. 1498 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]
á== Поврзано ==
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.