Чифлиг
турски поим за управување со земјата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Чифлиг (поретко и како чифлик; османски турски: çiftlik; албански: çiflig, грчки: τσιφλίκι) — турски поим за означување на систем за управување со земјата во Отоманското Царство. Пред чифлишкиот систем, во империјата се користел тимарскиот систем. Со почетокот на распадот на империјата, силните воени офицери започнале да бараат земјиштето кои им било доверено на управување од султанот да премине во рацете на нивните синови. Овој систем траел од XVI век па сè до распадот на Отоманското Царство во 1919 година.
- Тука води поимот чифлик. За другите значења на поимот, видете ја појаснителната страница.