планина во западна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Добра Вода — висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад[1]. На север започнува од Дупен Камен (1.857 м), со којшто е одделена од Сува Гора, а на југ се протега до долината на реката Треска. Централното било има динарски правец на протегање северозапад - југоисток. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м). Зафаќа вкупна површина од 396 км2. Неотектонските движења овде се особено манифестирани, така што од сите страни е ограничена со раседи. Планинското било се протега во должина од 25 км. Највисокиот дел е под пасишта, а планинските страни се под дабова и букова шума.[2]
Добра Вода | |
---|---|
Поглед на Добра Вода и истоимениот врв | |
Највисока точка | |
Врв | Добра Вода |
Надм. вис. | 2.062 м |
Географија | |
На планината постои планинарски дом наречен „Железна Река“.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.