Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари
црква во селото Гари / From Wikipedia, the free encyclopedia
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари — главна селска црква во дебарското село Гари. Изградена е во XIX век. Црквата претставува правоаголна базилика.
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Црква „Успение на пресвета Богородица“ | |
Поглед кон црквата со новоизградениот објект | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Гари |
Општина | Дебар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | XIX век |
Завршено | 1860 |
Осветување | 1866 |
Архитектонски опис | |
Затвори
Црквата се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.
Црквата во Гари, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.