христијанска градба наменета за верски потреби From Wikipedia, the free encyclopedia
Црквата претставува градба/објект со намена за обавување на христијански верски обреди. Црквата се состои од три дела:
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Во внатрешноста на црквата се наоѓаат икони и фрески на кои се насликани светци.
Потребата од црквите произлегла од редовните средби на христијаните, на почетокот во приватни куќи а подоцна како што се зголемувала заедницата, се јавила потреба за поголем простор наменет за богослужба. Голем замав градењето на цркви земало за време на царот Константин I.
Првите христијани биле жители на Палестина и нивните богослужби се одвивале во приватните куќи и синагогите. После првата еврејска војна почнало да се престанува со богослужење во синагогите.
Во сирискиот град Дура-Европос на западниот брег на Еуфрат на римската граница, при опсадата на градот од страна на Партите во 257. година уништен е градот, но била сочувана црква и синагога кои биле украсени со фрески. И двата објекта биле пренаменети од приватни куќи во верски објекти.
Со миланскиот едикт и поддршката која ја давал царот Константин I дошло до голем градителски замав на градење на цркви. Црковната архитектура од тоа време била пример како треба да изгледа една црква во следните векови. Тука спаѓаат базиликата Св. Петар и базиликата Св. Павле.
Источниот тип на црковна архитектура се заснова на впишан крст со купола во средината. Својот почеток го има во изградбата на храмот Аја Софија во Цариград. Овој тип на црковна архитектура има влијание сè до денешен ден во источните цркви.
Во Западна Европа во средниот век се формирале два архитектонски стила на цркви. Романскиот стил, со прост полукружен лак, изгледот на црквата е едноставен а зидните површини не се посебно украсени. Вториот стил е готскиот стил, каде се употребува прекршен лак како основен елемент во градбата, карактеристичен за катедралите, изгледот на црквите е прекрасен. За готскиот стил се карактеристични насликаните ѕидови и големите стаклени површини исполнети со витражи.
После готскиот стил, се открива вредноста на мирните и урамнотежени ренесансни форми. Во баркното време се појавуваат најкреативни решенија како во просторното обликување така и во декорацијата на ѕидовите.
Во овој период црквата тежи да го задржи своето влијание покрај другото и со изградба на големи објекти, при што се користат модерни конструкции за градба и методи како што се армиранобетонски конструкции, електроакустика и климатизација.
Православната архитектура има литургично значење. За сите православни храмови, заедничка е идејата дека „храм е место на кое со учество во светата литургија влегуваме во заедница со царството Божје“. Православните храмови обично се составени од три дела: припрат или предворие (нартекс), среден дел на храмот - брод (наос) и олтар. Сите три дела често се украсени со фрески и икони, а многу од нив се со извонредна уметничка вредност.
Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. На источната страна од храмот се наоѓа олтарот (кај католичките цркви олтарот е на западната страна). Се смета дека олтарот е најсветиот дел на црквата. Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крстење, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, одела за служба ...
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.