Цитологија
гранка на биологијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Цитологија или клеточна биологија — наука која ги проучува градбата и функцијата на клетката. Зборот цитологија доаѓа од грчките зборовите citos (kytos) = клетка и logos = наука. Со помош на микроскоп може да се видат физичките својства на клетката, животниот циклус, поделбата на клетката, физиологијата и комуницирањето на клетките меѓу себе.