From Wikipedia, the free encyclopedia
Хуанлун е историско интересно подрачје кое се простира во северозападниот дел на Сечуан, Кина. Се наоѓа во јужниот дел на планинскиот венец Миншан, 370 kiloметарs (1,210,000 ст) северно-северозападно од главниот град Ченгду.[1] Оваа област се карактеризира со разнобојни травертински базени формирани од наслаги на калцит, особено во Хуанлуноу (Голем на жолтиот змеј), како и разновидни шумски екосистеми, високите врвови покриени со снег, прекрасните водопади и топлите извори. Хуанлун преставува дом на многу загрозени видови животни и растенија, вклучувајќи ја џиновската панда и мајмунот со златен нос од Сечуан.[1] Покрај тоа, на овој локалитет била откриена и голема популација на ендемичниот вид орхидеи „Cypripedium plectrochilum“[2] Хуанлун бил прогласен за светско наследство од УНЕСКО во 1992 година заради неговите прекрасни вчудоневидувачки травертински формации, водопади и варовнички формации, како и неговиоте травертински тераси и езера кои се рангираат меѓу трите најистакнати примери во светот.[1][3]
Глацијациски настани кои се повторувале низ годините, уникатната теранска структура, формирањето на туфа, карпестиот слој со јаглеродна киселина и климатските услови како што е арктичко-алпската сончева светлина го создадоа овој светски познат пејзаж од травертин. Хуанлун зафаќа површина од 700 km2 на надморска височина помеѓу 1700 m и 5588 m. Главните сценски области вклучуваат:
Должината на травертинот во долината Хуанлун изнесува 3,6 км и се смета дека изгледа како голем златен змеј кој се движи низ снежните планини на долината. Главните пејзажи на оваа долина се бреговите од травертин, шарените езерца и травертински водопади и пештери. Изворот на водата започнува од древниот будистички/Бенбо храм на врвот на долината и завршува во Гостинското Езерце на север со должина од 2,5 km и ширина од 30–170 m. Боите на водите на Хуанлун се состојат од жолти, зелени, сини и кафеави.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.