Хуан Мартин дел Потро
аргентински тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хуан Мартин дел Потро (шпански изговор: [ˈxwan maɾˈtin del ˈpotɾo]) (роден 23 септември 1988), често именуван по својот прекар Делпо, е аргентински професионален тенисер кој е моментално најдобро рангиран аргентински тенисер како и седми тенисер во светот.[1] Дел Потро влегол во најдобрите 10 на АТП листата за првпат на 6 октомври 2008. Во јануари 2010, тој го достигнал своето највисоко место на АТП листата, 4-то место. Набргу по достигнувањето на ова место, дел Потро морал да се повлече од поголем дел од турнирите во 2010 поради повреда на зглобот.[2]
Земја | Аргентина |
---|---|
Место на живеење | Тандил, Аргентина |
Роден на | 23 септември 1988(1988-09-23) (35 г.) |
Роден во | Тандил, Аргентина |
Спорт | Тенис |
Висина | 1.98 м |
Професионалец | 2005 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Тренер(и) | Себастијан Прието |
Заработка | $ 10,597,349 |
Победи-порази | 254–107 (70.04%) |
Титули | 13 |
Највисок пласман | 4 (11 јануари 2010) |
Сегашен пласман | 7 (28 јануари 2013) |
Австралијан Опен | QF (2009, 2012) |
Ролан Гарос | SF (2009) |
Вимблдон | 4R (2011, 2012) |
УС Опен | W (2009) |
Други турнири | |
Мастерс куп | F (2009) |
Олимписки игри | Бронзен медал (2012) |
Победи-порази | 41–44 |
Ажурирано на: 15 October 2012. |
Олимписки медали | ||
Натпреварувач за Аргентина | ||
---|---|---|
Машки тенис | ||
2012 Лондон | Поединечно |
Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст,[3] и на 15 годишна возраст во 2004 тој ја остварил својата прва сениорска победа. Во 2008, тој станал првиот тенисер во историјата на АТП кој ги освоил своите први четири титули на исто толку турнири.[4] Тој исто така ја имал втората најдолга победничка низа во 2008, и втора најдолга од тинејџер, зад Рафаел Надал кој имал победничка низа од 23 победи на 5 турнири.[4] Дел Потро ја освоил својата прва Гренд слем титула на Отвореното првенство на САД 2009, победувајќи го Надал во полуфиналето и Рожер Федерер во финалето. Дел Потро е единствениот тенисер кој покрај 'Големата четворка' - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, и Енди Мареј успеал да освои гренд слем титула од 2005. Тој станал вториот аргентинец и петтиот најмлад тенисер кој успеал да го освои Отвореното првенство на САД во Опен ерата.[5] Дел потро исто така бил освојувач на бронзен медал од Летните олимписки игри во 2012 во поединечна конкуренција.