Хорацио Нелсон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хорацио Нелсон, Прв Виконт Нелсон, и постхумно Прв Војвода од Бронте, (29 септември 1758 г. – 21 октомври 1805 година), бил британски адмирал во Кралската морнарица. Како инспиративен лидер, вешт стратег и со своите неконвенционални тактики придонел во извојувањето на бројни одлучувачки победи на британската морнарица за време на Француските револуционерни војни и Наполеоновите војни.
Нелсоновата јуначка смрт во битката кај Трафалгар го издигнале како еден од најголемите херои во Британија. Неговите зборови непосредно пред биткатата, „Англија очекува дека секој човек ќе ја заврши својата работа“, е честопати цитирана и парафразирана. Во чест на победата во оваа битка и смртта на адмиралот Нелсон, во 1843 г. на плоштадот Трафалгар во Лондон е поставен Нелсоновиот столб, дело на архитектот Вилијам Реилтон, и споменикот на Нелсон во Единбург.