Хетити
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хетитите се антички народ кој бил распространет во Анадолија околу 18-от век п.н.е. со главен град во Хатуша во Централна Анадолија[2]. Оваа империја го живеела својот врв во средината на 14-от век п.н.е. и под водство на Супилулиума Први успеале да завладеат со скоро цела Мала Азија како и со делови на северен Левент и Горна Месопотамија. По 1180 г.п.н.е. за време на распадот на бронзеното доба, на империјата ѝ дошол крајот, расцепкувајќи се на повеќе независни неохетитититски градови-држави, од кои некои преживеале сè до 8-от век п.н.е.
Оваа статија моментално е под поголема промена за краток временски период. Би ве замолиле за учтивост — не уредувајте ја страницата додека стои поракава. Корисникот кој ја ставил оваа ознака ќе биде означен во историјата на страницата. Ако страницата не е уредувана веќе неколку часа, отстранете ја предлошкава. Поракава постои со цел да се избегнат спротивставените уредувања. Отстранете ја меѓу уредувања за да им овозможите и на другите да ја уредуваат страницава. Последното уредување на оваа Оваа статија го направи Bjankuloski06 (разг| прид) пред 10 месеци. (Поднови) |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Хетитска Империја Ḫa-at-tu-ša / 𒄩𒀜𒌅𒊭
|
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Главен град | Хатуша, Tarḫuntašša (под власта на Муватали II) | |||
Уредување | Апсолутна монархија (Старо Кралство) Конституционална монархија (Средно и Ново Кралство)[1] |
До крајот на 20 век, постоењето на Хетити било повеќе мит отколку факт. Сето ова се променило со откривањето на градот Хатуша, главниот град на Хетитската империја[3].
Нивниот јазик води потекло од анадолското говорно подрачје на индоевропското семејство на јазици.[4] Тие својата татковина ја нарекувале Хати, а јазикот Нешили (јазикот од Неша). И покрај тоа што тие самите се нарекувале Хати, Хатите би требало да се раздвојуваат од Хетитите, пред сè како постар народ од двата, кој го населил истиов регион, се верува во 2 милениум п.н.е., и се користеле со северозападната кавкаска група на јазици, позната како хатитска. Нивното конвенционално име „Хетити“ се должи на библиските Хетити според археологијата во 19-от век. Имено, историјата и цивилизацијата на Хетитите се реконструирани од страна на истражувачите од крајот на 19 век благодарение на ископувањата на анадолските наоѓалишта, од кои на прво место Божазкој, каде што се наоѓаат урнатините на Хатуша; илјадници плочи со клинесто писмо биле откопани таму, документирајќи неколку аспекти од политичкиот, верскиот и економскиот живот на Хетитското кралство.
Нивната војска главно се состоела од запрежни кочии. Иако овој народ му припаѓал на бронзеното доба, тие опстојувале и за време на железното доба, произведувајќи предмети од железо уште во 14-от век п.н.е. а ова се потврдува преку писмата кои тие ги испраќале и од нив барале стоки од ваков вид.
По 1180 г.п.н.е. во период на општи превирања во Левент поради пристигнувањето на Луѓето од Морето, кралството се распарчило на неколку независни неохетитититски градови-држави, некои постоејќи сè до 8-от век п.н.е. Историјата на оваа цивилизација се дознава најмногу преку клинестите списи кои се пронајдени во таа област, како и преку нивните дипломатски и трговски врски кои ги воспоставиле со Египет и Блискиот Исток.