From Wikipedia, the free encyclopedia
Хетеросексуалноста е една од можните сексуални ориентации. Личноста е хетеросексуална кога ја привлекуваат или има сексуални односи со личности од спротивниот пол. Хетеросексуалноста е најчеста сексуалност во нашето општество - најверојатно околу 80% од популација во западните земји е хетеросексуална. Многу луѓе, меѓутоа, иако се хетеросексуални, имале едно или повеќе хомосексуални искуства, меѓутоа нивното предоминантно однесување или избор на истото, е хетеросексуално, па нивниот идентитет е хетеросексуален.
Хетеросексуалноста не се однесува само на сексуалниот акт кој може да доведе до раѓање, но луѓето имаат хетеросексуален секс од различни причини, затоа што се сексуално привлечени или заљубени во некој - straight sex не подразбира само правење на деца.
Општеството е прилагодено на хетеросексуалноста затоа што е многу почеста од другите сексуалности - поголем број на рекламите се наменети на хетеросексуалците, поголем број херои или модели (добри или лоши) во литературата или во филмовите на телевизија се хетеросексуални, па на тој начин се создава очекување секој да биде хетеросексуалец.
Често се препоставува дека хетеросексуалците сакаат да се венчаат и да создадат семејство. Меѓутоа, тоа често не е случај. Многу од хетеросексуалците се моногамни, се во брак и имаат семејства, многу пак не се венчаваат, но сепак имаат деца, а многу, пак, повеќе сакаат да останат сами, но сепак уживаат во сексот со еден или повеќе партнери од спротивниот пол. Многу земји имаат тенденција да бидат хетеросексистички, затоа што хетеросексуалноста, како најчеста, доминира во сите аспекти на државата - особено во законот, кој е понекогаш опсесивен за другите сексуалности.
Многу хетеросексуалци, особено жените и хомосексуалците се кренаа против хетеросексистичкото и семејно ориентираното општество. До пред триесет години, хетеросексуалните врски биле многу построго дефинирани, а улогите на мажите и жените многу потрадиционални, но постепено тоа се променило.
Многу теми и трендови влијаеле на денешниот начин на размислување - женските движења, поефикасната контрола на раѓањето, појавувањето и експанзијата на сидата и потребата и желбата луѓето во врските да имаат сопствени кариери или барем живот и надвор од врската.
Традиционалните улоги полека се менуваат и варираат од личност до личност, од пар до пар. Тие можат да наметнат стеги и да ја подигнат тензијата во врската помеѓу две личности - несогласувањата и конфликтите треба да се решат веднаш штом ќе се појават. Луѓето не можат да знаат што очекува од нив нивниот партнер освен ако тоа не им се каже. Запаѓањето во традиционални улоги и шаблони не ги решава сексуалните, емоционалните и општите проблеми во врската - разговорот е главниот пат до разбирање.
Треба постојано да се има на ум дека хетеросексуалниот секс не е самиот акт - не е секогаш во тоа пенисот да влезе во вагината, ниту во доживувањето на оргазам истовремено или недоживувањето воопшто - добар секс може да се случи од взаемното истражување.
Не се знае точно како личноста станува хетеросексуална, различни теории покажуваат дека потеклото на сексуалната ориентација може да биде генетско, психолошко, социолошко или пак интеракција на сите овие фактори. Она што се знае е дека луѓето стануваат изразито свесни за својата сексуалност за време на адолесценцијата. Многу деца експериментираат со врсници од спротивниот или истиот пол. Постепено нивната сексуална ориентација ќе ги одведе до личноста која ќе им биде привлечна. Вообичаено, но не секогаш, таа личност ќе биде од спротивниот пол. Моментот кога личноста "почнува да станува хетеросексуална" варира од личност до личност, некои почнуваат порано, други многу подоцна - луѓето обично го пронаоѓаат вистинското време и вистинската личност, иако првото сексуално искуство во многу случаи може да биде и погрешно, непријатно или дури трауматско.
Да. Стрејт мажите се разликуваат од геј мажите. Стрејт жените од лезбејките. Стрејт мажите се разликуваат од стрејт жените, геј мажите се разликуваат од геј жените, мажите се разликуваат од жените, мажите се разликуваат меѓу себе, како и жените па без обзир на сексуалната ориентација - како што е секоја една личност различна од друга. Тоа се разликите кои го прават светот интересен, разлики од кои не треба да се плашиме, туку треба да се радуваме на нивното постоење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.