Хасија
планина на тромеѓата на Егејска Македонија, Епир и Тесалија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хасија (грчки: Χάσια) — планина во состав на масивот Пинд, на придоната тромеѓа меѓу Гребенско во Егејска Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад.
Кратки факти Хасија, Највисока точка ...
Хасија | |
---|---|
Χάσια | |
Највисока точка | |
Врв | Крчово |
Надм. височина | 1.564 м |
Координати | 39°48′36″N 21°24′14″E |
Географија | |
Место | средиштен Пинд југозападна Егејска Македонија, североисточен Епир, северозападна Тесалија |
Затвори
Планината е долга 40 км во правец исток-запад, а широка е 15-20 км од север кон југ, од општината Каламбака на југ до Дескати на север. Највисок врв е Крчово, кој се издига на надморска височина од 1.564 м.
Најблиски планини се Антихасија на југ, Камбуница на североисток и Лигос (северен Пинд) на запад. Од неа извираат притоки на Бистрица на север, како и оние на Пинеј и притоката Мургани на југ.