бугарски владетел From Wikipedia, the free encyclopedia
Тервел (уште и Тербел) е хан кој управувал со Бугарија од околу 700 до 721 година. Се претпоставува дека бил син на ханот Аспарух.
Тервел | |
---|---|
Монограм на Тервел | |
Хан на Бугарија | |
На престол | 700–721 |
Претходник | Аспарух |
Наследник | Кормесиј |
Роден(а) | 675[се бара извор] Бугарско Царство |
Починал(а) | 721 Бугарско Царство |
Деца | Телериг |
Династија | Дуло |
Татко | Аспарух |
Неговото управување се одликува со активна надворешна политика, а поточно со Византија. Во 705 година императорот Јустинијан II Ринотмет, преку Херсон пребегал кај него. Тервел се согласил да му помогне да се врати на престолот и со 15 000 војска дошол пред ѕидовите на Цариград. Јустинијан успеал да си ја врати круната, а на Тервел му ја дал покраината „Загоре“ и многу скапи дарови и титулата „кесар“ (цезар), совладар. Но во 708 Јустинијан решил да си ја врати земјата и се кренал на поход. Двете војски се судриле крај Анхиало, при што Бугарите победиле. Во 716 година склучил нов мировен договор со Византија, според кој таа и го признава правото на Бугарија врз Загоре, се задолжува да и плати скапо црвено крзно, обете земји да си ги враќаат бегалците, а стоки да се увезуваат само ако имаат државен печат. Се смета дека релјефот Мадарски коњаник е исечен по негова наредба.
Во својата Историjа словенобугарска (1762), Паисиј Хилендарски прави интерпретација на ликот на Тервел врз основа на еден бакрорез од Стематографијата (1741) на Христофор Жефарович, на кој се прикажани Св. Давид, цар бугарски и Св. Теоктист. Во ликот на свети Теоктист, кое е монашкото име на српскиот крал Стефан Драгутин, Паисиј го препознал кралот Тривелиј или Тервел.[1] Меѓу другото, за овој бугарски владетел, Паисиј запишал:
Овој крал Тривелиј прв го примил христијанството во 703 г. По примањето на светата вера имал големо благочестие и усрдност кон Христа. Поради тоа изградил манастир за себе и доброволно го оставил кралството [...] и потоа се облекол во монашки чин. [...] Монашкото име му било Теоктист“.
„Зографската историја“ (1760-те) ќе се обиде дури и да го лоцира и манастирот на свети Теоктист блиску до Охрид, а јеросхимонахот Спиридон Габровски во својата „Историја“ од 1792 г., истакнува дека во Охрид „во неговиот манастир до денес лежат неговите мошти“. Впечатливо е тоа што „Зографската историја“ и „Историја словенобугарска“ кои настануваат речиси истовремено, се првите текстови што го споменуваат кралот Тривелиј, воопшто, во балканската книжевност, што не е случај со западната книжевност, каде тој е силно присутен уште од XVI век. Во западната книжевност која очигледно била извор и за споменатите атонски монаси, постои и епизодата за неговото замонашување, но ниту во еден извор пред „Историјата на Паисиј“ не се споменува неговото монашко име, што очигледно е оригинална конструкција на Паисиј со цел да се поврзе Тривелиј со ликот на Теоктист од „Стематографијата“. Дополнително, важно е да се нагласи и тоа дека на Пајсиј му бил познат податокот дека српскиот крал Драгутин примил монаштво со името Теоктист, па затоа уште повеќе зачудува тоа што го поврзал ликот на монахот Теоктист од „Стематографијата“ со бугарскиот владетел Тривелиј.
За идентификување на ликот на свети Теоктист од Стематографијата од особена корист е еден друг бакрорез на Жефарович од истата 1741 г., кој е направен само неколку месеци пред издавањето на „Стематографијата“. Овој бакрорез на кој е претставен свети Сава со српските светители од домот на Немањиќите е замислен како еден вид пропаганден политички меморандум, а бил упатен како честитка за царицата Марија Терезија по повод нејзиното искачување на престолот. На бакрорезот се претставени седумнаесет свети фигури. Во вториот ред на светители, претставен е и свети Теоктист, со јасно испишани сигнатури. Сите претставени ликови, без исклучок, наоѓаат своја аналогија во светителите од домот на Немања, па таква аналогија треба да се побара и за ликот на свети Теоктист.[1]
Интерпретациите од страна на Паисиј, по аналогија и без критичка анализа ќе бидат преземени во подоцнежната бугарска литература и ќе создадат фиктивен и дотогаш непостоечки светителски култ, што ќе се рефлектира и во живописот на XVIII и XIX век.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.