Халиме султан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Халиме султан (османски турски: حلیمه سلطان) — сопруга на султанот Мехмед III и мајка на султанот Мустафа I и Валиде султан, како и корегент на Отоманското Царство. Таа имала четири деца со Мехмед: Шехзаде Махмуд, Мустафа I и две ќерки. Таа била де факто совладетелка како Валиде султан од 22 ноември 1617 до 26 февруари 1618 година и од 19 мај 1622 година до 10 септември 1623 година. Халиме исто така била една од истакнатите личности во периодот познат како Султанат на жените.
Кратки факти Халиме султан, Валиде султан на Отоманското Царство (прв мандат) ...
Халиме султан | |
---|---|
Валиде султан на Отоманското Царство (прв мандат) | |
На позиција | 22 ноември 1617 – 26 февруари 1618 |
(втор мандат) | |
На позиција | 19 мај 1622 – 10 септември 1623 |
Роден(а) | Грузија, Отоманско Царство |
Починал(а) | 1643 Ески-сарај, Плоштад Бајазид, Истанбул, Отоманско Царство |
Почивалиште | Мавзолеј на Мустафа I, Света Софија, Истанбул |
Сопружник | Mehmed III |
Деца | Шехзаде Махмуд Мустафа I Хатиџе султан Шах султан |
Вероисповед | Ислам |
Затвори
Халиме живеела во Отоманското Царство како дворјанец за време на владеењето на седум султани: Мурат III, Мехмед III, Ахмед I, Мустафа I, Осман II, Мурат IV и Ибрахим.