From Wikipedia, the free encyclopedia
Фурнир (од герм. Furnier) во дрводелството е тенко резне дрво, обично потенко од 3 милиметри. Слоевите фурнир се лепат или стегаат на основни даски, кои можат да бидат од разни материјали (како дрво, иверка или средногуст лесонит) за добивање на врати, горни или бочни дрвени плочи за креденци, паркетирани подови и мебел. Се корситат и за интарзија. Шперплочата се прави од неколку слоја фурнир, секој залепен под прав агол на соседните слоеви. Фурнирот се користи и за декорирање на предмети како кутии и сл.
Фурнирот се добива со „лупење“ на дрвото, кое е главното место од кое се добиваат архитектонските фурнири (видете и интарзија). Изгледот на гранулацијата, или „шарата“ во дрвото се добива преку годовите на дрвото и зависи од аголот на сечење на истото. За стопански цели се користат три типа опрема за сечење фурнири:
Секој процес на режење дава своја препознатлива гранулација, зависно од видот на дрвото. При сите методи се јавува искривување во гранулацијата. При навлегувањето на пилата во дрвото, таа прави лабава страна (каде клетките се расечени) и набиена страна (каде се потиснати).
Порано фурнирите се пилеле но со тоа се јавува и непотребен губиток (отпадоци) на дрво. Фурнирањето е древна вештина, која ја употрбувале уште старите египјани за нивниот мебел.
„Фурнир“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.