Функционална група
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во органската хемија, функционални групи се специфични групи на атоми во молекулите кои се одговорни за карактеристичните хемиски реакции на тие молекули. Една иста функционална група ќе подлежи на иста или слична реакција(и), без разлика на големината на молекулата од која е дел.
Подолу е претставена список на најпознатите функционални групи. Во формулите, симболите R и R' обично означуваат приврзан водород или странична низа на јаглеводород од било која должина, но понекогаш може да се однесуваат на било која група од атоми. Подолу има слики на повеќе функционални групи кои се пронајдени во органската хемија.