From Wikipedia, the free encyclopedia
Функционализмот не претставува ексклузивен пронајдок или став на модерната архитектура. Уште првите градежни творби, во различен степен биле наменети и приспособени за задоволовување на одредена потреба, односно за вршење на одредена функција. Функционализмот, како став и творечка метода, во модерната архитектура настанува низ долготрајна борба против еклектицизмот на 19век. За тоа има придонесено развојот на индустријата и рационалистичката мисла на пионерите на модерната.
За свое мото, функционализмот го избира декларативниот став на американскиот архитект Луј Саливен: "обликот ја следи функцијата". Од друга страна , својата заложба за безорнаменталната архитектура Саливен ја заменува со заложба за употреба на т.н. органски сфатен орнамент, без белези на минатото. Зачетоците на европскиот функционализам се појавуваат во рамките на сецесијата. Нејзиниот основоположник, Ото Вагнер, размислувајќи за суштината и содржината на новата архитектура , констатира дека таа треба исклучително точно да ја сфати и да задоволи својата намена. Нешто подоцна, Хенри ван Девелде, размислувајќи за стремежот кон еден нов стил пишува: " Обликот и конструкцијата на секој предмет треба да се сфатат во контекст на нивната елементарна и највисока логика, како и во оправданоста на нивното постење." Таквиот начин на размислување се пренесува и врз неговите ученици и помлади архитекти. Тоа особено важна улога ќе одигра во работата на Валтер Гропиус, како прв директор и педагог на школата Баухаус. На тој начин, Баухаус во извесна смисла станува расадник на функвионалистичкото размислување во областа на архитектурата. Настојувањата на функционализмот најдобро ги илустрира проектот и реализацијата на објектот за школата Баухаус во Десау. Овој проект на Валтер Гропиус, најпрактично го покажува функционалистичкиот начин на размислување. Во неговото решение функционализмот се истакнува уште во самиот просторен состав на објектот, при што јасно е видлива местоположбата на функионалните единици: работилниците, училниците и ателјеата, поврзани со трактот на административните простории.
Надворешниот облик на секоја единица произлегува од нејзината конкретна функција, што е јасно читливо и на фасадата. Така, на пример, зад нагласената стаклена фасада на најголемиот павилјон се сместени работилницте за кои е потребна интензивна светлост. Растерот на прозорските хоризонтали кај галерискиот тракт ја покажува административната содржина, преку која другите три самостојни единици се поврзуваат во една функционална целина. Во оваа школа на сличен функционалистички начин се решаваат прашањата за внатрешното обликување и за опремување на објектите. Позитивно сфатениот функционализам претставува општа контролна метода за оправданоста на секоја архитектонска постапка, во поглед на : применетиот материјал, изборната конструкција, обликот на објектот, неговиот животен или производствен процес; а сето тоа е во непосредна врска со намената. Највисок дострел на функционализмот претставува апсолутно усогласување на функцијата и формата и нивното материјално и духовно обединување. Со таквиот пристап, функционализмот прави квалитативен скок во разој на модерната архитектура и со негова помош започнува нејзиното созревање.
Генерално, функционализмот претставува творечки процес и методана промислени постапки, со чија помош збирот на одделни функциисе претвора во поврзана целина, во вид на општа функционалност на еден замислен објект. Функционализмот отфрла секаков вид орнамент, бидејќи него го смета за нефункционален елемент на објектот.
Овие правила на функционализмот во последната третина на 20век ќе бидат подложени на преиспитување, бидејќи оправданоста за директно потпирање врз машинската естетика се става под сомневање. Денешните животни услови наложуваат некогашните животни услови наложуваат некогашните функции на објектот да се менуваат зависно од нови потреби, а строгиот функционализам таквата флексибилност не ја овозможува
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.