Урбани легенди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Речиси секое населено место и си има своја урбана легенда за која се зборува во одреден ден во годината или се прераскажува кога ќе се спомене некоја фамилија со несреќна судбина.Во многу градови понекогаш ваквите морничави приказни се прекажуваат од еден на друг, не се само да објаснат некоја несватлива појава туку и да поучат на некои негативности од современото живеење. Исто како што во минатото се создавале легенди за настанување на светот, природните појави и развојот на човештвото, така и денес постојат легенди за дообјаснување на некои не пријатни случивања.
Легендите најчесто во себе опишуваат некоја свтеа личност или го објаснуваат настанокот на земјата, месечината и ѕвездите, а пак во преданијатаа се опишува настанокот на некој манастир, црква или град. Легендите и преданијата со текот на времето се дополнувале од страна на нивните кажувачи и препишувачи со цел да ги задржат свежината и реалноста.Овие народни кажувања се важен дел од традицијата на секоја култура, а многу современи автори своите ромеани ги создаваат врз основа на некое вакво кажување.