Универзална декларација за човековите права
From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзална декларација за човекови права (УДХР) — декларација донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 г. во дворецот Шајо, Париз. Декларацијата произлезе директно од искуството од Втората светска војна и го претставува првото глобално изразување на права на коишто, по својата природа имаат право сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена коишто се елаборирани во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони. Меѓународната повелба за човекови права се состои од Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и неговите два Факултативни протоколи. Во 1966 година, Генералното собрание донесе два детални пакта коишто ја комплетираат Меѓународната повелба за човекови права и во 1976 година, откако двата пакта беа ратификувани од доволен број поединечни држави, Повелбата стана меѓународен закон.
Универзална декларација за човековите права | |
Елеонор Рузвелт како ја држи шпанската верзија на декларацијата | |
Создаден | 1948 |
' | 10 декември 1948 |
Место | дворец Шајо, Париз |
Автор(и) | Џ.П. Хамфри (Канада), Р. Касен (Франција), П.Ч. Чанг (Кина), Ч. Малик (Либан), Е. Рузвелт (САД) и други |
Намена | човекови права |
Викиизвор има текст за |