Улрих III (гроф на Виртемберг)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Улрих III (германски: Ulrich; 1286 – 11 јули 1344) — гроф на Виртемберг од 1325 до 1344 година.
Кратки факти Гроф на Виртемберг, На престол ...
Улрих III | |||||
---|---|---|---|---|---|
Гроф на Виртемберг | |||||
На престол | 1325-1344 | ||||
Претходник | Еберхард I | ||||
Наследник | Еберхард II и Улрих IV | ||||
Роден(а) | 1286 | ||||
Починал(а) | 11 јули 1344 | ||||
Сопружник | Софија од Пфирт | ||||
Деца | Еберхард II Улрих IV | ||||
| |||||
Династија | Династија Виртемберг | ||||
Татко | Еберхард I |
Затвори
Улрих веќе бил силно вклучен во политиката за време на владеењето на неговиот татко Еберхард I. Во 1319 година склучил договор со кралот Фридрих Убавиот. Тој го обновил овој договор по преземањето на владеењето со грофовијата во 1325 година, кога Виртемберг привремено се приклучил на страната на Лудвиг IV. Покрај неколкуте добивки во Алзас, забележителни се и купувањето на Маркгронинген 1336 и Тибинген 1342 година. Починал во Алзас.
Улрих бил оженет со Софија од Пфирт. Синови од овој брак биле Еберхард II и Улрих IV, кои владееле заедно до 1361 година.