Угаритско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Угарско писмо — клинесто писмо кое се користело од околу 15 век п.н.е.[1] или 1300 п.н.е.[2] за запишување на угаритскиот јазик, мртов северозападен семитски јазик. Писмото било согласно писмо, абџад, односно се запишувале само согласките.
Кратки факти Угаритска азбука, Тип ...
Угаритска азбука | |
---|---|
![]() Артефакт со угаритски натпис. | |
Тип | |
Период | од околу 1400 п.н.е. |
Правец на пишување | од лево кон десно ![]() |
Јазици | угаритски, хуриски, акадски |
Сродни писма | |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Ugar, 040 ![]() |
Уникод | |
Уникоден назив | Ugaritic |
Уникоден опсег | U+10380–U+1039F |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Затвори
Писмото е откриено на археолошкото наоѓалиште Угарит во 1928 година, древен угаритски град, кој денес се наоѓа на месноста Рас Шамра на крајбрежјето во Сирија. Писмото имало 30 букви. Иако писмото се користело за пишување на угаритскиот јазик, сепак писмото понекогаш се користело за пишување и на хурискиот јазик.
Писмото се пишувало од лево кон десно. Иако ова писмо е клинесто и се пишувало на глина, сепак, симболите не се поврзани со тие на акадското писмо.[3]