Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европското првенство во фудбал за играчи под 21 година е меѓународно фудбалско натпреварување за играчи под 21 година кое е под покровителство на УЕФА.
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година | |
---|---|
Основано | 1978 |
Број на екипи | 55 (квалификации) 12 (завршен турнир) |
Тековен | Германија (2. титула) |
Најмногу титули | Италија (5. титули) |
ЕП за играчи под 21 година - 2019 |
На Европското првенство се натпреваруваат 12 репрезентации поделени во 3 групи по 4 екипи, а можат да играат сите земји членки на УЕФА кој ќе се квалификуваат. Квалификациите се играат во девет групи во кои победниците директно се квалификуваат на завршниот турнир, а четирите најдобро второпласирани репрезентации играат баражи помеѓу себе (два пара во два натпревари дома и гости) така што победниците во баражите исто така се пласираат на првенството. Само домаќинот (или домаќините) не игра квалификации и се квалификува директно на првенството. Натпреварувањето исто така служи како квалификациско за Олимписките игри.
Ово натпреварување постои уште од 1978 година, кога првенството бил променет од натпреварување за играчи под 23 години во натпреварување за играчи под 21 година. Првото Европско првенство за играчи под 21 година, било одржано во 1978. Актуелен првак е Германија која го освоила првенството во 2017 година одржано во Полска, а најуспешна репрезентација моментално е Италија со 5 титули.