Тунис на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тунис првпат учествувал на Олимписки игри во 1960, и оттогаш испратил свои натпреварувачи на сите изданија од Летните олимписки игри, освен на игрите во 1980 одржани во Москва, на кои се приклучил на бојкотот кој го предводеле САД. Тунис никогаш не учествувал на Зимски олимписки игри.
Кратки факти Тунис на Олимписките игри, МОК-код ...
Тунис на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
Затвори
Туниските спортисти имаат освоено вкупно десет олимписки медали, од кои четири се на славниот атлетичар на долги патеки Мохамед Гамуди, три на пливачот на долги патеки Усама Мелули, како и два во бокс и еден во женска атлетика.
Националниот олимписки комитет на Тунис е основан во 1957 година и истата година бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет.