трговија на луѓе за целите на присилна работа, сексуално ропство или тргвија со сексуални услуги во корист на тргувачот или други поврзани From Wikipedia, the free encyclopedia
Трговија со луѓе — начин на заведување, измамување, принудување или на поинаков начин преселување на луѓе од нивниот дом или држава, кои потоа се принудени да работат со или без ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Начинот се смета за продажба на или тргување со луѓе, што има многу одлики на робување, и кој во многу држави е нелегален. Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат искористени во различни ситуации, меѓу кои проституција, присилна работа (тука спаѓа принудна работа или ропство поради долг) и други форми на принудно ропство. Продажбата на бебиња и деца за посвојување или за други цели исто така се смета за трговија со тие деца.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Протоколот за спречување, потиснување и казнување на трговијата со луѓе, особено со жени и деца (исто така познат како Протоколот од Палермо) е протокол на Конвенцијата против транснационалниот организиран криминал на Обединетите Нации и трговијата со луѓе ја дефинира како „врбување, прeвезување, пренесување, засолнување или примање на луѓе, со помош на закана или примена насила или други форми на принуда, киднапирање, измама, лага, злоупотреба насила или состојба на беспомошност или давање и примање на плаќања или средства, за да се добие согласност од лице за контрола врз друго лице, со цел за експлоатација.” Во септември 2008 година, од 124 страни, Протоколот беше потпишан од страна на 117 држави. Трговијата со луѓе е најбрзо растечка криминална индустрија во светот, со вкупен годишен приход од тргување со луѓе проценет на сума помеѓу 5 и 9 милијарди долари. Советот на Европа наведува: „За време на изминатата декада трговијата со луѓе достигна епидемични размери, со светски годишен пазар од околу 42,5 милијарди долари.” Обединетите Нации проценуваат дека приближно 2,5 милијарди луѓе од 127 различни држави се продавани ширум светот. Жртвите на трговијата со луѓе се врбуваат со користење на принуда, лага, измама, злоупотреба на сила, или директно киднапирање.
За ефикасно да се совлада трговијата со луѓе преку меѓународните граници потребно е помагање и соработка помеѓу државите. ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа), ад хок меѓувладина организација од Повелбата на Обединетите Нации, е еден од водечките органи за борба со овој проблем на трговија со луѓе, со област на делување која ги опфаќа Северна Америка, Европа, Русија и Средна Азија.
Трговијата со луѓе се разликува од шверцот со луѓе. Кај шверцот со луѓе, луѓето со плаќање доброволно ја бараат услугата од шверцерот и притоа може и да не постои измама во (нелегалниот) договор. При пристигнување на определеното место, шверцуваното лице вообичаено е слободно да се снаоѓа.
На жртвата на трговија со луѓе, од друга страна, не и е дозволено да замине и од неа се бара да работи или да дава услуги, кои се експлоатирачки, на трговецот со луѓе или на други. Договорот може да биде составен како договор за работа, но без или со ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Понекогаш договорот е составен како ропство поради долг, при што на жртвата не и е дозволено или не е во состојба да отплати.
Жртвите понекогаш се заведени или измамени со лажни ветувања или физички се принудени. Некои трговци со луѓе ги принудуваат или манипулираат жртвите и користат измама, заплашување, лажна љубов, изолација, закани и физичка сила, и ропство поради долг.
Трговијата со луѓе е профитабилна индустрија. Во некои области, како Русија, Источна Европа, Хонгконг, Јапонија и Колумбија, трговијата со луѓе се контролира од страна на големи криминални организации. Меѓутоа, поголемиот дел од трговијата со луѓе се извршува преку мрежи на помали групи кои се специјализирани за одредена област, како врбување, превезување, рекламирање или продажба. Ова е многу исплатливо бидејќи потребни се малку средства, а гонењето е прилично ретко.
Луѓето жртви на трговијата со луѓе вообичаено се од најбеспомошните и немоќни малцинства во еден регион. Тие често доаѓаат од посиромашни области каде што можностите се ограничени, често се етнички малцинства, и често се раселени лица како што се бегалците, иако тие може да и прпаѓаат на која било социјална средина, класа или раса.
Иако постојат многу жртви кои се од беспомошни и немоќни малцинства во еден регион, тие може да доаѓаат од каде било. Не постои определен тип на жртва на трговија со луѓе. Честопати луѓето мислат дека жртвите доѓаат од сиромашни држави, но всушност тие може да се од добростоечки семејства во САД. Овој тип на криминал се случува на тој начин што многупати луѓето не ја забележуваат, скоро и да не ја сфаќаат длабочината на проблемот. Жените кои се во очајна ситуација се особено на мета на трговците со луѓе, посебно за сексуалната индустрија. Криминалците го искористуваат недостатокот на можности, ветуваат работни места или можности за работа или студирање, и потоа ги принудуваат жртвите да станат прооститутки. Со помош на агенти и посредници кои ги договараат патувањето и местото на работа, жените се придружувани до определените места и се предаваат на работодавците. По пристигнувањето на одредиштето, некои жени сфаќаат дека се измамени во врска со природата на работата која ќе ја работат; повеќето биле излажани за финансискиот дел од договорите и за условите за работа и се наѓаат себеси во принудна или злоупотреблива состојба од која излезот е и тежок и ризичен. Според Министерството за правда на САД, од јануари 2007 година – септември 2008 година забележани се 1.229 инциденти со трговија со луѓе во Соединентите Држави. 83 проценти од споменатите случаи, се случаи на сексуална експлоатација.
Трговијата со деца често подразбира искористување на екстремната симомаштија на родителите. Родителите може да ги продадат своите деца на трговците со луѓе со цел да ги исплатат долговите или да заработат, или може да бидат прелажани во врска со очекувањата за образование и подобра иднина на нивните деца. Во Западна Африка, децата жртви на трговијата со луѓе често го имаат изгубено едниот или двајцата родители во африканската криза со СИДА-та. Илјадници машки (понекогаш и женски) деца биле принсилени да бидат деца-војници. Во студијата 07-08 на Министерството за правда на САД, повеќе од 30% од вкупниот број на случаи на трговија со луѓе за таа година биле за деца принудно вклучени во сексуалната индустрија.
Доколку процесот за посвојување, легален и нелегален, се злоупотреби, понекогаш тоа може да резултира со трговија со бебиња и бремени жени помеѓу Западот и светот во развој. Во написот на Дејвид М. Смолин (David M. Smolin) за трговијата со деца и скландалите со посвојување помеѓу Индија и Обединетите Држави, тој наведува дека постојат системски слабости во меѓудржавниот систем за посвојување кои оставаат простор за вакви случувања.
Илјадници деца од Азија, Африка и Јужна Америка секојдневно се продавани во светската сексуална трговија. Често тие се киндапирани или постануваат сирачиња, а понекогаш дури самите семејства ги продаваат.
Мажите се исто така на ризик да постанат жртви на трговијата со луѓе за некавлификувана работа претежно вклучувајќи присилна работа со што, според Меѓународната организација на трудот, на светско ниво остварува профит од 31 милијарда долари.
Поради нелегалната природа на трговијата со луѓе и разликите во методологијата, точната бројка не е позната. Според податоците на американското Министерство за надворешни работи, „проценета е бројка од 600.000 до 820.000 мажи, жени и деца со кои секоја година се тргува преку меѓународните граници, приближно 70 проценти се жени и девојчиња и до 50% се малолетници. Податоците исто така пакажуваат дека со мнозинството од меѓународните жртви се тргува за комерцијална сексуална експлоатација.” Меѓутоа, тие кажуваат дека „алармантното заробување на луѓе за трудова експлоатација, често во сопствените држави, е форма на трговија со луѓе што тешко може оддалеку да се следи.”
Репортери се сведоци на рапиден пораст на проституцијата во Камбоџа, Босна и Косово откако на територијата влегоа ОН и во случајот на последните две мировни сили на НАТО. Мировните сили беа поврзани со трговијата со луѓе и присилната проституција. Поборниците за мировништво тврдат дека делувањето на поединци не треба да ги оптужува другите учесници во мисијата, но сепак НАТО и ОН беа критикувани бидејќи проблемот на присилната проституција и нејзината поврзаност со мисиите не го сфаќаат доволно сериозно.
Во извештај од групацијата Фјучр (Future Group) од 2006 година, канадска хуманитарна организација посветена на ставање крај на трговијата со луѓе, рангираше осум индустријализирани нации и и даде на Канада ,,Ф” (F) за своето „лошо” постапување со жртвите. Во извештајот, насловен ,,Недостаток на оцени : Меѓународна студија за постапување со жртвите на трговијата со луѓе” се заклучува дека Канада „претставува меѓународен срам” кога се работи за борба со оваа форма на робување.
Постои погрешна претстава дека трговијата со луѓе се случува само во сиромашни држави. Но, секоја држава во светот е вмешана во нелегалниот, профитабилен систем. „Држава-извор” е држава од која првично се тргува со луѓе. Вообичаено, овие држави се сиромашни и може дополнително да се ослабени поради војна, корупција, природни непогоди или клима. Некои од државите-извори се Непал, Гватемала, поранешните Советски територии и Нигерија, но и многу друѓи. „Транзитна држава”, како Мексико или Израел, е привремена „станица” на патувањето на жртвите на трговијата со луѓе до државата каде што ќе бидат заробени. „Целна држава” е онаа каде што завршуваат лица жртви на трговијата со луѓе. Овие држави главно се богати, бидејќи тие мора да имаат жители кои располагаат со доволно приход за да ги „купат” „произвводите” на трговците со луѓе. Јапонија, Индија, голем дел од Западна Европа и Соединетите Американски Држави се сите целни држави.
Најчести одредишта за жртвите на трговија со луѓе се Тајланд, Јапонија, Израел, Белгија, Холандија, Германија, Италија, Турција и Соединетите Држави, според извештај на УНОДЦ (Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН).
Главните извори на лица жртви на трговијата со луѓе ги вкучуваат Тајланд, Кина, Нигерија, Албанија, Бугарија, Белорусија, Молдавија и Украина.
Во извештај на групацијата Фјучр (Future Group) од 2006 година, канадска хуманитарна организација посветена на борба против трговијата со луѓе и сексуална трговија со деца, рангираше осум индустријализирани нации. Во извештајот, насловен ,,Недостаток на оцени: Меѓународна студија за постапување со жртвите на трговијата со луѓе”, Канада доби оцена Ф (F), Обединетото Кралство доби Д (D), додека Соединетите Држави добија Б+ (B+) и Австралија, Норвешка, Германија и Италија сите добија оцени Б (B) или Б- (B-).
Според Националниот центар за човекови права во Беркли, Калифорнија, во Соединетите Држави моментално има околу 10.000 работници присилени на работа, од кои околу една третина се домашни слуги, а дел од нив се деца. Асошиејтед Прес (Associated Press) извести за интервјуа направени во Калифорнија и Египет за тоа дека трговјата со деца за работа како домашни слуги во САД е ширење на нелегална, но честа практика во Африка.
Проценето е дека на годишно ниво во САД од 14.500 до 17.500 луѓе, главно жени и деца, се жртви на трговијата со луѓе. Трговијата со луѓе исто така може да се појави внатре во границите на САД, вклучувајќи ги жителите на САД. Децата се најизложени на овој вид на трговија. Според извештај изнесен од страна на Универзитетот во Пенсилванија, помеѓу 100.000 и 300.000 деца од САД се во постојана опасност од сексуална експолоатација. Во само еден пример, проценка спроведена во Лас Вегас од страна на Шеард Хоуп Интернешнал (Shared Hope International) откри дека е тргувано со 1.496 деца од САД од 40 различни држави и кои подоцна се уапсени за проституција во Кларк Каунти, Невада во периодот од јануари 1994 година и јули 2007 година. Актот за заштита на жртвите на трговијата со луѓе од 2000 година, ги зголемува претходните казни, им обезбедува нови заштити на жртвите на трговијата со луѓе и нуди одредени бенефиции и услуги на жртвите на сурови форми на трговија со луѓе. Тој исто така основа федерална посредничка специјална единица на ниво на Кабинет и основа федерална програма за обезбедување на услуги на жртвите на трговијата со луѓе.
Во 2004 година, Канадската кралска коњица процени дека во Канада годишно се тргува со 600-800 лица и дека преку Канада во САД се тргува со дополнителни 1.500-2.200 лица. Во Канада, трговијата со луѓе во странство поради проституција е проценета на вредност од 400 милиони долари годишно.
Проценето е дека од Југоисточна Азија на годишно ниво се тргува со најмалку 200.000 до 225.000 жени и деца. Најголем дел од одредиштате за трговија со луѓе се во рамките на регионот (60 проценти се поголемите градови од регионот; 40 проценти се надвор од регионот).
Во Азија, Јапонија е главната одредишна земја за жените жртви на трговијата со луѓе, особено од Филипините и Тајланд. Во Јапонија просперитетниот пазар на забава создаде огромна побарувачка на комерцијални сексуални работнички, и таквата побарувачка ја задоволуваат тргувани жени и деца од Филипините, Колумбија и Тајланд. Жените се присилени да бидат вклучени во улична проституција, изведување стриптиз и сексуални односи во живо. Министерството за надворешни работи на САД почнувајќи од 2001 година, секоја година во своите годишни извештаи за Трговија со луѓе ја рангира Јапонија како ,,Ниво 2” или како ,,Ниво 2 Вочлист (Watchlist) “ држава. Овие два рејтинга укажуваат на тоа дека Јапонија (во поголема или помала мера) не постапувала целосно во согласност со минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Проценето е дека моментално низ Југоисточна Азија има 300.000 жени и деца вклучени во сексуалната трговија. Честопати жените од Тајланд се носат во Јапонија и ги продаваат на бордели контролирани од Џакуза (Yakuza) каде што се присилени да ја одработат својата цена. Кон крајот на деведесеттите УНИЦЕФ оцени дека на Филипините има 60.000 деца вклучени во проституција, опишувајки ги Ејнџел Сити (Angeles City) борделите како ,,озлогласени” за нудење на сексуали услуги со деца. УНИЦЕФ оценува дека голем дел од 200-те бордели во озлогласениот Ејнџел Сити (Angeles City) нудат деца за сексуални услуги. Голем број од жените од Ирак бегајки од војната во Ирак прибегнуваат кон проституција, додека со други се тргува во странство, во држави како Сирија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција. Само во Сирија, во 2007 година, проценета е бројка од 50.000 бегалци од Ирак девојчиња и жени, многу од нив вдовици, се прислно вклучени во проституција.
Евтините проститутки од Ирак придонесоа Сирија да стане популарно одредиште за туристите кои бараат сексуални услуги. Клиентите доаѓаат од побогатите држави од Средниот Исток. За девиците се нудат високи цени.
Бројка од 200.000 девојчиња, многумина на возраст помала од 14 години, се продаваат како сексуално робје во Индија. Жени и девојчиња од Непал, особено девици, се омилени во Индија поради нивниот светол тен.
Во делови на Гана, семејство може да биде казнето за кривично дело со тоа што мора да земе жена девица да служи како сексуален роб во рамките на обвинетото семејство. Во овој случај, жената не добива статус на ,,сопруга”. Во делови на Гана, Того и Бенин, опстојува робување во храмовите, и покрај тоа што ова во Гана е нелегално од 1998 година. Во овој систем на робување како ритуално робје, понекогаш наречен трокоси (trokosi) (во Гана) или вудоси (voodoosi) во Того и Бенин, млади девојки девици ги даваат како робови во традиционалните храмови и кои се сексуално искористувани од страна на свештените лица, а покрај тоа и работат во храмот без да бидат платени.
Поврзано: Ритуално робје
Според проценките на Обединетите Нации, во Европската Унија бројката на жртви на трговијата со луѓе достгнува до 270.000. По падот на железната завеса, државите од поранешниот Источен блок како што се: Албанија, Молдавија, Романија, Бугарија, Русија, Белорусија и Украина станаа главни држави-извори за трговија со жени и деца. Честопати девојки и девојчиња се измамени да одат во побогатите држави со ветувања за пари и работа, а потоа се принудени да работат како проститутки.
Проценето е дека годишно 2/3 од жените, со кои за проституција се тргува насекаде низ светот, доѓаат од Источна Европа, од кои три четвртини претходно никогаш не работеле како проститутки. Главни одредишта се Западна Европа, (најчести европски одредишта се Белгија, Холандија, Германија, Италија, според УНОДЦ), Блискиот Исток (Турција, Израел, Обединетите Арапски Емирати), Азија, Русија и Соединетите Држави. Само во ЕУ, бројка од 500.000 жени од Средна и Источна Европа работат како проститутки, од кои не се сите жртви на трговијата со луѓе. Во Холандија, проценето е дека годишно има од 1.000 до 7.000 жртви на трговијата со луѓе. Голем дел од полициските истраги се поврзани со легални секс-бизниси, каде што се застапени сите видови на проституција , но најзастапени се борделите со излог. Во 2008 година, регистрирани се 809 жртви на трговијата со луѓе, од кои 763 се жени и најмалку 60 проценти од нив биле присилени да работат во секуалната индустрија. Сите жртви од Унгарија биле жени и биле принудени да бидат дел од проституцијата.Од сите 8.000 до 11.000 проститутки од Амстердам, повеќе од 75% се од Источна Европа, Африка и Азија, според поранешна проститутка која во 2008 година изработи извештај во врска со сексуалната трговија во Амстердам. Статија на Л Монд (Le Monde) од 1997 година открива дека 80% од проститутките во Холандија биле од странство и 70% немале документи за имиграција.
Во Германија, трговијата со жени од Источна Европа често е организаирана од страна на луѓе од истиот регион. Сојузна криминалистичка служба БКА (BKA) во 2006 година извести за вкупно 357 завршени истраги за трговија со луѓе, со 775 жртви. Триесет и пет проценти од осмничените биле Германци родени во Германија и 8% биле германски државјани родени надвор од Германија. Во Грција, според проценките на НВО, во кое било време во државата има 13.000 – 14.000 жртви на трговијата со луѓе. Како држави на потекло на жртвите на трговијата со луѓе главно се вбројуваат Нигерија, Украина, Русија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Романија и Белорусија. Во Швајцарија, полицијата проценува дека можно е да има помеѓу 1.500 и 3.000 жртви на тровијата со луѓе. Организаторите и нивните жртви главно доаѓаат од Унгарија, Словачка, Романија, Украина, Молдавија, Литванија, Бразил, Доминиканската Република, Тајланд и Камбоџа и, во помала мера, од Африка.
Во Белгија, во 2007 година, обвинителите решиле 418 случаи на трговија со луѓе, меѓу кои 219 случаи на економска експлоатација и 168 случаи на сексуална експлоатација. Федералната судска полиција реши 196 случаи, за разлика од 2006 година кога беа 184. Во 2007 година полицијата уапси 342 лица за шверц и кривични дела поврзани со трговија со луѓе. Неодамнешен извештај направен од фондацијата РискМонитор (RiskMonitor foundation) откри дека 70% од проститутките кои работат во Белгија се од Бугарија.
Во Австрија, Виена има најголем број на случаи на трговија со луѓе, иако трговијата со луѓе исто така е проблем во урбаните центри како Грац, Линц, Салцбург и Инсбрук. НВО латиноамерикански жени во Австрија (NGO Lateinamerikanische Frauen in Oesterreich–Interventionsstelle fuer Betroffene des Frauenhandels (LEFOE-IBF)) објави дека им пружиле помош на 108 жртви на трговијата со луѓе, помалку од 2005 година кога биле 151. Во Шпанија, во 2007 година, властите открија 1.035 жртви на сексуална трговија и 445 жртви на трудова експлоатација.
Во Обединетото Кралство, Министерството за внатрешни работи потврди дека во 1998 година 71 жена била принудена на проституција. Тие исто така упатуват на тоа дека вистинската бројка би можела да достигне 1,420 жени со кои се тргува во Обединетото Кралство за време на истиот период. Меѓутоа, бројките се дискутабилни бидејќи според дефиницијата која во Обединетото Кралство се користи за да се идентификуваат случаи на сексуална трговија – произлегува од Актот за сексуални кривични дела од 2003 година –жртвите не мора да биле принудени или измамени. Оттука, секое лице кое се преселува во Обединетото Кралство со цел сексуална работа може да се смета за жртва на трговија со луѓе – дури и ако тоа се случило со негово/нејзино знаење и согласност. Министерството за внатрешни работи изгледа не води евиденција на бројот на луѓе со кои во Обединетото Кралство се тргува за други цели освен сексуална експлоатција.
Во Молдавија, која е погодена од сиромаштија, каде стапката на невработеност на жени е високи 68% и една третина од работната сила живее и работи во странство, експертите проценуваат дека по распадот на Советскиот Сојуз помеѓу 200.000 и 400.000 ѓени се продадени за проституција во странство – можеби до 10% од женското население.
Во Украина, истражување од страна на НВО Ла Страда Украина (NGO La Strada Ukraine), во 2001-2003 година, засновано на пример на 106 жени со кои се тргувало надвор од Украина, откри дека 3% биле под 18 години и Министерствто за надворшни работи на САД во 2004 година објави дека инцидентите со трговија со малолетници се зголемуваат. Се проценува дека од 1991 година во странство се тргувало со пола милион жени од Украина (80% од сите невработени во Украина се жени).
Русија е држава-извор, транзитна држава и одредиште за мажи, жени и деца со кои се тргува за различни форми на експлоатација. Со голем број на жени се тргува прекуокеански со цел за сексуална експлоатација. Годишно, илјадници тргувни жени од Русија завршуваат како проститутки во државите од Западна Европа, Америка, Канада, Израел и Азија. ИЛО (ILO) проценува дека во Русија можеби има најмногу еден милион нелегални имигранти кои се жртви на присилна работа, што претставува една форма на трговија со луѓе. Исто така забележано е дека во Русија постои детски секс туризам; меѓутоа, органи надлежни за спроведување на закон известуваат за намалување на бројот на случаи на детски секс туризам и ова им го припишуваат на полициските истраги и соработката на Русија со спроведување на странски закони.
Проценето е дека бројот на жртви на трговијата со луѓе во Австралија варира помеѓу 300 и 1000 годишно. Во Австралија, студија во 2004 година документираше 300 слуцаи на трговија со луѓе во период од шест месеци. Сите освен 25 жртви беа жени присилени на проституција. Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации (УНОДЦ) ја вбројува Австалија како една од 21 одредишни држави за трговија со луѓе во категоријата на главни одредишта.
Лошите економски услови и општествени проблеми создаваат клима која е поволна за трговијата со луѓе.
Интерпол проценува дека секој година 35.000 жени се тргувани надвор од границите на Колумбија, со пресметан профит од 500 милиони долари, со што таа е втора веднаш после Доминиканската Република на запад. Во Колумбија, ИОМ (IOM) и домашните невладини организации проценуваат дека меѓународните мрежи на организираниот криминал се одговорни за меѓунароната трговија со луѓе.Во рамките на државите, мрежите на организираниот криминал, некои од нив поврзани со нелегални вооружени групи, исто така се одговорни за трговија со луѓе за сексуална експлоатација или организирано питање, а вооружениот конфликт голем број на жртви на трговијата со луѓе ги направи беспомошни. Во Бразил, Националното истражување за трговија со жени, деца и адолесценти за сексуална експлоатација откри 241 меѓународни и национални рути на трговија со луѓе.
Трговијата со луѓе е олеснета поради проодните граници и напредните комуникациски технологии, доби значителен меѓународен обем и стана многу профитабилна. За разлика од дрогата и оружјето, луѓето можат да бидат ,,продавани" повеќепати. Отворањето на азиските пазари, падот на Советскиот Сојуз и распадот на поранешна Југославија придонесоа за оваа глобализација.
Не постои општо прифатена дефиниција за трговијата со луѓе за сексуална експлоатација. Терминот го опфаќа организираното движење на луѓе, најчесто на жени, помеѓу државите и во рамките на државите, за сексуална работа со употреба на физичка принуда, измама и заробување поради присилен долг.
Меѓутоа, проблемот станува дискутабилен кога елементот на принуда е отстранет од дефиницијата, за да се вметне олеснување кога се работи за доброволно вклучување во проституцијата. На пример, во Обединетото Кралство, Актот за сексуални кривични дела, 2003 вклучува трговија со луѓе за сексуална експлоатација, но не изискува оние кои го извршуваат кривичното дело да имаат упоребено принуда, измама или сила, така што кое било лице што влегува во Обединетото Кралство и со своја согласност врши секуална работа, се смета за тргувано. Покрај тоа, кој било малолетник на возраст помала од 18 години вмешан во комерцијален сексуален акт во Обединетите држави се смета за жртва на трговијата со луѓе, дури и ако не е вклучено движење, според дефиницијата за Тешки форми на трговијата со луѓе, во Актот за заштита на жртвите на трговијата со луѓе од 2000 година.
Од „Спасете ги децата”(Save the Children) истакнаа: „Проблемот станува дел од полемика и забуна кога самата проституција се смета за кршење на основните човекови права и на жените и на малолетниците, и еднаква на сексуална експлоатација per se... Трговијата со луѓе и проституцијата се измешаа едно со друго... Поради историската измешаност на трговијата со луѓе и проституцијата и законски и општо разбирливо, вложен е значителен напор и интервенциите на групите за борба против трговијата со луѓе се фокусирани на трговијата со луѓе за вклучување во проституција.
Тенка е линијата помеѓу присилната и доброволната проституција, и проституцијата сама по себе според многумина претставува начин на злоупотреба и форма на наслиство врз жените. Во Шведска, Норвешка и Исланд нелегално е да се плати за секс (клиентот извршува кривично дело, но не и проститутката), бидејќи овие држави сите форми на проституција ги сметаат за експлоатирачки или за де факто ропство.
Сексуалната трговија вклучува принудување на мигрант да изврши сексуален акт како услов за дозвола или договарање на миграцијата. Сексуалната трговија вклучува физичка принуда, измама и заробување поради присилен долг. На тргуваните жени и деца, на пример, често им се ветува работа во домаќинствата или услужната индустрија, но наместо тоа, тие најчесто ги носат во бордели каде што им се одземаат пасошите и другите документи за идентификација. Тие може да бидат претепани или заклучени и слободата да им биде ветена дури откако ќе ја заработат -со проституција- нивната куповна цена, како и патните трошоци и трошоците за виза.
Главната причина на една жена (во некои случаи и малолетно девојче) да прифати понуда од трговец со луѓе е поради подобри финансиски можности за неа и нејзиното семеејство. Во многу случаи трговецот со луѓе првично нуди „легитимна” работа или ветување за можност за студирање. Главниот тип на работни места кои се нудат се во угостителството и хотелиерството, во барови и клубови, договори за работа како модел, или работа како бебиситерка. Трговците со луѓе понекогаш понудуваат брак, користат закани, заплашување и киднапирање како средства за доаѓање до жртви. Во најголем број на случаи, жените завршуваат како проститутки. Исто така некои проститутки (мигранти) стануваат жртви на трговијата со луѓе. Некои жени знаат дека ќе работат како проститутки, но немаат јасна претстава за околностите и условите за работа во нивната одредишна држава.
Фундаменталистичката црква на Исус Христос на последните светци, (да не се помеша со Црква на Исус Христос на последните светци) во САД и Канада, исто така беше вмешана во трговијата со малолетни девојчиња преку граничните линии и меѓународните граници (САД/Канада). Во најголем број на случаи, ова претставува продолжување на практиките на полигамија, во форма на полигамен брак.
Жртвите на трговија со луѓе исто така се изложени на различни психолошки проблеми. Тие се соочуваат со социјално оттуѓување во странските и матичните држави. Сигматизацијата, отфрлањето од страна на општеството и нетолеранцијата ја отежнуваат ресоцијализацијата во локалното општество. Владите им нудат мала помош и социјални услуги на жртвите на трговијата со луѓе по нивното враќање. Бидејќи жртвите исто така се вовлечени и во трговијата со дрога, многу од нив се соочуваат со кривични санкции.
Трговијата со деца претставува врбување, превезување, пренесување, засолнување или примање на деца со цел за експлоатација.
Комерцијалната сексуална експлоатација на деца може да е застапена во повеќе форми и опфаќа присилно вклучување на деца во проституција или други форми на сексуална активност или детска порнографија.
Детската експлоатација исто така може да вклучува присилна работа или услуги, ропство или практика слична на ропство, отстранување на органи, незаконско меѓународно посвојување, трговија со деца за склопување на ран брак, врбување како деца-војници, користење за просење или како спортисти (како деца-јавачи на камили или фудбалски играчи), или врбување за религиозни обреди.
Се смета дека Тајланд и Бразил имаат евидентирано најлоши случаи на сексуална трговија со деца.
Владите, меѓународните здруженија и невладините организации, сите се имаат обидено да стават крај на трговијата со луѓе со помал или поголем успех.
Некои од жртвите кои се извлекле од овој тип на криминал, излегуваат и ги образуваат другите во врска со ова и ја споделуваат својата приказна. Ова може да им помогне на другите да заздрават и да се справат со она што им се случило.
Во 2003 година ОБСЕ основаше механизам против трговијата со луѓе со цел да се подигне свеста за проблемот и создавање на политичка волја кај земјите учеснички за тој делотворно да се совлада.
Акциите на ОБСЕ против трговијата со луѓе се координирани од страна на ????? Канцеларија на специјалното претставништво за борба против трговијата со луѓе. Од 2006 година со оваа канцеларија раководи Ева Биаудет (Eva Biaudet), поранешен член на Парламентот и Министер за здравство и социјални служби во нејзината родна Финска.
Активностите на Канцеларијата на специјалното претставништво за борба против трговијата со луѓе вклучуваат од агенции за спроведување на законот за справување со трговијата со луѓе до промотивни политики со цел да се искорене корупцијата и оргнизираниот криминал. Специјалното претставништво исто така посетува држави и може, на нивно барање, да го поддржи спроведувањето на нивните политики против трговијата со луѓе. Во други случаи специјалното претставништво дава совети во однос на спроведвањето на одлуките за трговијата со луѓе, и им помага на владите, министерите и службениците за го постигнат утврдените цели за справување со трговијата со луѓе.
Преземените акции за борба против трговијата со луѓе се разликуваат од влада до влада. Некои влади имаат воведено законодавство со што посебно се цели трговијата со луѓе да биде нелегална. Владите исто така може да развијат систем на соработка помеѓу различните национални агенции за спроведување на законот и невладините организации (NGOs). Многу држави се критикувани за пасивност или неефективнна акција. Критиките вклучуваат неуспех на владите во соодветното евидентирање и заштита на жртвите на трговијата со луѓе, имиграциони политики кои потенцијално повторно ги загрозуваат жртвите на трговијата со луѓе или недоволна акција за помош во спречување на беспомошните луѓе да станат жртви на трговијата со луѓе.
Посебна критика се однесува на незаитересираноста на некои држави да се справат со трговијата со луѓе за други цели освен секс.
Постојат и други акции кои владите може да ги преземат за подигнување на свеста во врска со овој проблем. Ова може да има три форми. Најпрво, подигање на свеста кај потенцијалните жртви, особено во држави каде што трговците со луѓе се активни. Второ, подигање на свеста кај полицијата, социјалните работници и имиграционите службеници и нивно опремување за да можат соодветно да се справат со проблемот. И на крај, во државите каде што проституцијата е легална или полулегална, подигање на свеста кај клиентите на проституцијата да забележуваат знаци на жртви на трговијата со луѓе.
Подигањето на свеста може да има различни форми. Еден начин е преку прикажување на филмови за подигање на свеста или преку постери.
Во 2000 година Обединетите Нации усвоија Конвенција против меѓународен организиран криминал исто така наречена Конвенција од Палермо, и два Протоколи од Палермо кои се
Сите овие инструменти содржат елементи на актуелниот меѓународен закон за трговија со луѓе.
Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе е усвоена ос трана на Советот на Европа на 16 мај 2005 година. Целта на конвенцијата е да се спречи и совлада трговијата со луѓе. Конвенцијата стапи насила на 1 февруари 2008 година. Од 47 земји-членки на Советот на Европа, досега конвенцијата ја потпишаа 21 и 17 ја ратификуваа. Директоратот за комуникација на Советот на Европа предводеше камања низ 47-те земји-членки за подигнање на свеста за трговијата со луѓе.
Во Обединетото Кралство, по интензивен притисок од страна на оранизациите за човекови права, трговијата со луѓе за трудова експлоатација стана нелегална во 2004 година (трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е криминализирана многу години претходно). Меѓутоа, законот од 2004 година ретко се користи и до средината на 2007 година немаше ниту една пресуда според овие одредби.
Законите против трговијата со луѓе во Соединетите Држави постојат на федерално и државно ниво. Повеќе од половина од државите ја криминализираат трговијата со луѓе, иако казните не се толку строги како федералните закони. Заедничките напори на федерално и државно ниво се фокусираат на регулирање на туризмот за да се спречи олеснување на секс туризмот и контрола врз посредниците за меѓународни бракови за да се обезбедат проверки за криминално досие и на потенцијалната невеста да и се дадат информации за тоа како да добие помош. Во 2001 година, Канцеларијата за следење и борба против трговијата со луѓе е основана како дел од Министерството за надворешни работи на САД. Директорот (моментално Луис ЦдеБаца (Luis CdeBaca)) ја води борбата против трговијата со луѓе во рамките на САД, а исто така е во координација со водачите во движењата против трговијата со луѓе насекаде во светот.
Организациите за човекови права, вклучително и Амнести Интернешнал (Amnesty International), Анти Слејвери Интернешнал (Anti-Slavery International), и Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch) направија кампањи против трговијата со луѓе. Неколку невладини организации (NGOs) и организации за човекови права се формирани за борба против трговијата со луѓе, додека пак други невладини организации работат против трговијата со луѓе како еден од нивните главни проблеми. Некои од нив се:
Аризона Лиг ти Енд Риџнал Трафикинг (Arizona League to End Regional Trafficking (ALERT)) е коалиција која претставува партнерства со спроведување на законот, религиски заедници, непрофитни организации, социјални служби, адвокати и засегнати граѓани. АЛЕРТ им помага на жртвите на трговијата со луѓе со обезбедување на: храна и засолниште; медицинска нега; советувалиште за ментално здравје; имиграциска помош; правна помош; јазично толкување; раководење со случајот; и други културно соодветни услуги во државата Аризона. Преку образование и различни програми и услуги, АЛЕРТ се стреми кон ставање крај на страдањето и дехуманизацијата на жртвите на трговија со луѓе.
Коалишн ту Аболиш Слејвери енд Трафинкинг (Coalition to Abolish Slavery and Trafficking (CAST)) е организација за борба против трговијата со луѓе со седиште во Лос Анџелес. Основана во 1998 година, ЦАСТ помага во рехабилитација на преживеаните жртви на трговијата со луѓе, ја подигнува свеста, и делува на законодавството и јавната политика околу трговијата со луѓе, преку социјални, посреднички и правни служби. ЦАСТ трговијата со луѓе ја дефинира како ,,современа форма на ропство,” во која жртвите се предмет на насилство, измам или принуда со цел за присилна работа или сексуална експоатација. Жртвите на трговијата со луѓе може да работат како куќни помошници, во фабрики, фарми, ресторани, на градежни земјишта, како собари во хотел, покорен брак, присилна проституција, детска проституција и детска порнографија.
Чаб Даи (Chab Dai), (,,joining hands” во Кхмер (Khmer)) е основана во Камбоџа во 2005 година, и сега има меѓународни канцеларии во САД, Обединетото Кралство, и Канада. Чаб Даи има за цел да стави крај на трговијата со луѓе и комерцијалната сексуална експлоатација преку правење коалиции, поддршка, истражување и едукација. Во Камбоџа, Чаб Даи олеснува коалицирање на преку 40 невладини организации од кои работат против трговијата со луѓе во доменот на спречување, понатамошна грижа и правно интервенирање. Чаб Даи им помагана членовите на коалициите да соработуваат и да го подобрат капацтетот преку обука, советувалишта и форуми за дискусија; и работи на поврзување помеѓу членовите, агенциите на ОН и владата. Чаб Даи САД, сместен во Калифорнија, е посветена на поттикнување на соработка помеѓу постојните агенции додека на организациите им помага во подобрување на капацитетот, особено во согласност со најдобрите мегународни модели на пракса.
Транзишнс Глобал (Transitions Global), е организација која создава нови животи за преживеаните од секуалната трговија. Организацијата. Основана од Џејмс и Атена Понд (James & Athena Pond), во 2006 година започна на повозрасните тинејџери жртви на сексуалната трговија да им овозможува рехабилитација и реинтеграција. Моментално, организацијата има засолниште и привремено живеалиште во Пном Пен (Phnom Penh), Камбоџа и има започнато нов проект во Мумбаи, Индија. Транзишнс Глобал исто така има помогнато на други невладини организации (NGO’s) за основање на проекти за понатамошна грижа во Грција и Индонезија. Нивниот модел за понатамошна грижа е иновативна форма на ,,привремена грижа” кој се фокусира на реинтеграција со овозможување на девојчињата да добијат различни работни квалификации, животни вештини и вработување.
Д Солд Проџект (The SOLD Project), основан во 2007 година е иницијативна организација посветена на поттикнување и овластување на лица да се сопре детската проституција уште пред истата да започне. Д Солд Проџект започна како филмски проект за да ја документира реалноста на детската проституција во Тајланд со надеж дека ќе се подиге свеста и поддршката. Меѓутоа, СОЛД постан многу повеќе од само филм и сека е непрофитна организација фокусирана на спречувае на детската проституција преку образование и социјална реформа. Програмата за спречување на Д Солд Проџект се состои од 4 дела 1)Стипендии 2)Менторство 3)Послеучилишни програми 4)Програми за свеста за трговијата со луѓе
Алајанс Анти Трафик (ААТ) (Alliance Anti Traffic (AAT)), основана во 2007 година е француска невладина организација создадена за борба против трговијата со жени и деца. Организацијата интервенира во заштита на жени и девојчиње од овие форми на злоупотреба. ААТ исто така работи на сузбивање и побарувачката. ААТ им помага на погодените жени и деца преку целосен процес: најпрво ги спречува ризичните групи, ААТ ги штити жртвите кои се наоѓаат на местата за експлоатација и потоа ги враќа назад во нивните заедници. ААТ ги реинтегрира жените и децата врз основа на нивниот избор и потребата од нивните заедници. ААТ на крај им дава право на погодените девојчиња да развијат алтернативи и да ги спречат како и заштитат беспомошните жени и деца. www.Allianceantitrafic.org
Еври Чајлд Министрис (Every Child Ministries), основана во 1985, работи на проекти против трговијата со луѓе од 200о година. Најобемниот проект на организацијата е ,, Initiative against Shrine Slavery” наречено религиозно ропство и рехабилитација на поранешни робови во храмови. www.ecmafrica.org
Сомали Мем Фаудејшн (Somaly Mam Foundation), основана во 2007 година во Обединетите Нации со поддршка од УНИЦЕФ, УНИФЕМ и ИОМ, Somaly Mam Foundation е позната по тоа што на жртвите на трговија со луѓе им дава право да станат активисти и агенти за промена. Под водство на светски познатиот активист од Камбоџа, Сомали Мем (Somaly Mam), организацијата доби поддршка од влијателни водачи и познати личности како што се Сузан Сарандон (Susan Sarandon), Дерил Хана (Daryl Hannah), Дајен фон Фурстенберг (Diane von Furstenberg) и Хилари Клинтон (Hillary Clinton). Фондацијата исто така води активнсти за Поддршка и рехабилитација на жртви на трговијата со луѓе во Југоисточна Азија и работи на погдигнување на глобална свест и покренување на акција.
Ред Лајт Чилдрен Кемпеин Redlight Children Campaign, основана во 2002 година е непрофитна организација создадена од страна на адвокат од Њујорк и претседател на Прајорити Филмс (Priority Films) Гај Џекобсон (Guy Jacobson) и израелската глумица Ади Езрони (Adi Ezroni) во 2002 година, за борба против светската детска сексуална експлоатација и трговијата со луѓе. Нејзината мисија е да ја намали побарувачката кај меѓународната сексуална трговија преку законодавство и стапување насила истовремено подигајки ја свеста и користејки ги мас медиумите. Преку своето партнерство со Прајорити Филмс (Priority Films), Ред Лајт Чилдрен го започна Проектот К11 – три филмови кои се обидуваат да изнесат вистински животни искуства со сексуална трговија со малолетници. K11се состои од два докуметарни филмови и долгометражна сторија, Холи (Holly (film)), кои се сннимени на локација во Камбоџа. RedLight во 2003 година исто така почна да ја работи Somaly Mam Foundation. Сеопфатната шема ги изложува трите фази на нападот на ова злосторство против човештвото: подигнување на свеста, поправање, подобрување и спроведување на актуелното законодавство, проследено со распределба на соодветните ресурси за да се отслика големината и обемот на епидемијата. Надеж постои дека со користење на филот и мас медиумите, проблемот ќе се стави на меѓународната агенда, и ќе поттикне активност на општата јавност и создавачите на политики, со што тоа ќе доведе до распределба на соодветните ресурси и до построго спроведување кое ефикасно ќе ја намали побарувачката.
Нот Фор Сеил Кемпеин (Not For Sale Campaign), основана во 2007 година, ги опремува и ангажира Смарт активистите (Smart Activists) да изнаоѓаат иновативни решенија за повторно уконување на ропството во нивните сопстени опкружувања и насекаде во светот. Со седиште во Монтана, Калифорнија, Нот Фор Сеил Кемпеин (Not For Sale Campaign) има повеќе од 40 регионални членови низ Соединетите Држави и Канада. Преку иновација и спроведување на 'open-source активизам', кампањата ги пронаоѓа круговите на трговијата со луѓе во рамките на Соединетите Држави и соработува со локалните законодавни органи и општествени групи за да ги затворат и да обезбедат поддршка за жртвите. На меѓународно ниво, кампањата е во партнерство со аболиционистички групи кои имаат оскудни средства за да го зголемат својот капацитет на меѓународен план.
Поларис проџект (Polaris Project), основан во 2002 година, е меѓународна организација за борба против трговијата со луѓе со канцеларии во Вашингтон ДЦ, Њу Џерси, Колорадо и Јапонија. Деталниот пристап на Polaris Project вклучува работење со локални директни телефонски линии за борба против трговијата со луѓе, имање увид и идентификација на жртви, обезбедување на социјални услуги и сместување на жртвите, застапување за појака државно и национално законодавство за борба против трговијата со луѓе и ангажирање на членовите на заедницата во заеднички напори. Поларис проџект исто така работи со директната 24 часовна телефонска линија National Human Trafficking Resource Center (1-888-373-7888).
Тајни Старс (Tiny Stars). Со користење на Актот за заштита од 2003 година, Тајни Старс има блиска соработка со Федералните агенции за спроведување на законот за покренување на случаи против американските криминалци со деца. Основана од страна на Џејк Колинс (Jake Collins) во 2001 година, Тајни Старс се фокусира на идентификување и следење на педофили кои ги прогонуваат децата на возраст под 14 години. За да ја подобри својата мисија, организацијата има развиено мрежа на тајни агенти, често тоа се поранешни владини оперативци.
Шеард Хоуп Интернешнал (Shared Hope International), основана во 1998 година од страна на поранешна конгресменка Линда Смит (Linda Smith), е непрофитна организација која постои да ги спаси и излечи жените и децата во време на криза. Тие се дел од глобалниот напор да се спречи и искорене сексуалната трговија и ропството преку образование и јавна свест. Повеќе од една деценија, Шеард Хоуп Интернешнал посветено работи насекаде во светот и во Соединетите Држави, во партнерство со локални групи за помагање на жените и децата да се извлечат од сексуалната трговија со нудење на место за бегство и шанса за нова иднина. Шеард Хоуп користи стратегија од три дела за спречување, спасување и оздравување, која исто така упатува на ставање крај на побарувачката на жени и особено деца во комерцијалната сексуална индустрија, како и вршење на истражување во областа и изготвување на политички препораки на државно и федерално ниво.
Нешнал Хјуман Трафикинг Рисоурс Сентр (National Human Trafficking Resource Center (1-888-373-7888)). НХТРЦ е програма финанцирана од страна на Министерството за Здравство и човекови ресурси и раководено од страна на Поларис Проџект (Polaris Project), непрофитна организација. Нешнал хјуман трафикинг рисорс сентр хотлајн е отворена 24 часа на ден, 365 денови во годината. За да пријавите потенцијален случај на трговија со луѓе; да се поврзете со службите за борба против трговијата со луѓе во вашиот реон; или, да побарате обука и техничка помош, општи информации или одредени извори за борба против трговијата со луѓе, јавете се на директната телефонска линија 1-888-373-7888.
Мејд Бај Срвајврс Made By Survivors (МБС) е оддел на The Emancipation Network (ТЕН), и е организација којашто користи економско еманципирање, за да им помогне на преживеаните од трговија со луѓе и луѓето во голема опасност поворно да ги нормализираат своите животи. Програмата за рачни изработки на МБС им нуди работа на овие преживеани којашто им овозможува да се издржуваат и да живеат исполнет, независен живот. За оние кои сѐ уште живеат во засолништето, програмите обезбедуваат терапевтски услуги, обука за работа, описменување, социјална интеракција и стипендија за хонорарна работа. МБС, е во партнерсто со 18 организации насекаде во светот за борба против ропство, меѓу кои Тајланд, Камбоџа, Непал, Индија, Украина, Уганда, Филипини, Танзанија и Соединетитте Држави. МБС исто така организира волонтерски патувања до Индија како нацин да се образоваат луѓето кои може да го употребат искуството, повеќе да се ангажираат и да ја образоваат јавноста. Патувањата исто така им помагаат на преживеаните повторно да им се врати добербата во луѓето и да се реинтегрираат во нормалниот начин на живот. Покрај тоа, МБС често на луѓето им нуди можност да ги примат во своите домови преживеаните за да ги продаваат своите изработки и да ги образоваат пријателите и семејсвото.
КАРДС Каунтер трафикинг ин прсонс инишиатив KARDS Counter Trafficking In Persons Initiative (ЦТИПИ) е иицијатива во Наироби, Кенија во рамките на Коинониа Адвајсори Рисрч енд девелопмент Срвис (КАРДС) (Koinonia Advisory Research and development Service(KARDS)). Нејзината главна цел е да создаде свест за трговијата со луѓе во Источна Африка, да ги поттикне различните организации да се поврзат и да споделуваат искуства, да ги обучуваат заедниците за трговијата со луѓе и интервеции против трговијата со луѓе. КАРДС води онлајн евиденција на различни учесници во различни интервенции (социјална поддршка, создавање на свест, спречување, лобирање и поддржување), извештајот ги нагласува различните фактори кои доведуваат до трговија со луѓе во Источна Африка: акенија и Танзанија, ефектите од истата и потребите на организациите кои учествуваат во мерките за контра интервенција. КАРДС во 2010 година има за цел да издаде билтен двегодишен билтен. КАРДС работи поради огроманта поддршка на Менсен мет еен Миси (Mensen met een Missie), (People in Mission->Холандија)
Прерана (Prerana), основана во 1986 година во Мумаи, Прерана помогна во најкритичната област во Индија (областа Каматипура). Организацијата се стреми да ги спаси втората генерација на жртви со нудење на услуги за нега, институвионална програма за вработување и образовна поддржка за децата на проститутките во Каматипура. Обединетите Нации ја признаа Прерана како ,,Најдобра практика на работа со жртви на организиран криминал“ во април 2009 година. Прерана доби исто така и многубројни пофалби.
Вимен Агеинст Слејвери (Women Against Slavery), основана во 2009 година од страна на меѓународна група на жени кои работат во Канада и Соединетите Држави, е иницијативна, организација за подигнување на свеста, особено за трговијата со луѓе и слични проблеми. Групата се фокусира на образованието како примарно средство за борба против трговијата со луѓе и вклучуваат феминистичка критика и методологија во нивните проект.
ЗОЕ Чилдрен’с Хоумс (ZOE Children's Homes), основа на во САД како непрофитна 501(ц)3 организација во 2002 година од страна на Мајкл и Керол Харт (Michael and Carol Hart). Организацијата е започната како одговор на ужасот на трговијата со деца, современо ропство на нашата генерација. Првите домови се промовирани во јануари 2003 година со 47 загрозени деца во Тајланд. Мисијата на ЗОЕ е да ги спаси децата кои се: во опасност да бидат продадени за проституција, оние кои веќе се продадени, сирачиња, или жртви на други грозоморни злосторства и злоупотреба. Целта е да се интервенира и да се спречи трговијата со деца. Програмата за спас на децата на ЗОЕ активно праќа тимови во села, градови и погранични градови со цел да се запрат овие злосторства прот децата. Овие тимови исто така и ги образоваат децата и ја подигнуваат свеста на локалите жители кои се искористувани од страна на трговците со луѓе. ЗОЕ обезбедуа храна, облека, грижа, образование, професионална обука и топол дом за секое дете. Во февруари 2009 година, ЗОЕ купи 20 акри и кради нов дом во кој ќе живеат повеќе од 200 деца. Целта е нивниот сегашен модел на работење да се прошири насекаде во светот
Разликувањето на трговијата со луѓе и доброволната миграција е од суштествено значење. Полемиката е најмногу насочена кон трговијата со луѓе со цел за проституција, особено бидејќи проституцијата сама по себе многумина ја сметаат за форма на експлоатација. Проценките за бројот на луѓе со кои се тргува за сексуални цели се спорни – проблемите при определувањето може да бидат поврзани со неподготвеноста на жртвите сами да се пријават.
Специјалниот репортер за трговија со луѓе на Обединетите Нации извести дека проституцијата во денешно време најмногу е поврзана со трговијата со луѓе: ,,Во најголем дел, проституцијата која всушност денес ја има во светски рамки вобичаено ги содржи сите елементи на трговија со луѓе” Дури и домашната проституција ги содржи елементите на трговија со луѓе како што е дефиниран во Протоклот за трговија со луѓе. Протоклот за трговија со луѓе нелагалната трговија ја дефинира како ,,врбување, превезување, пренесување, засолнување и примање на лице“ доколку е искористена некоја постојна немоќ—како економска немоќ или сексуална немоќ. Поради оваа причина, закана, принуда или употреба насила е неопходна за да се одреди дека се работи за трговија со луѓе.
Додека голем број од групите за човекови права ги признаваат сите форми на трговија со луѓе сè повеќе се зголемува полемиката за фокусирањето на трговијата со луѓе за сексуална експлоатација за сметка на совладување на другите форми како домашна или земјоделска трговија. Амбасадорката Ненси Ели Рафаел (Nancy Elly Raphael), првата директорка на Канцеларијата за следење и борба против трговијата со луѓе на САД, даде оставка поради тоа што таа ја смета за погрешна претставата за проблемот со цел да се обезбеди поддршка за лобито против проституција. Таа вели: ,,Тоа беше толку идеолошки. Проституција, тоа е она што ја водеше целата програма. Тие постојано велеа, ,,Ако немавте проституција, немаше да имате трговија со луѓе.” Бев среќна што заминувам.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.