Тамерлан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тамерлан или Тимур (чагатајски: Temür; во персиско-арапска: форма تیمور - Teymūr, што значи железо; 9 април 1336 - 18 февруари 1405), целосното негово име е Тамерлан Ибн Таргај Барлас (Tīmūr ibn Taraġay Barlas), под името Тамерлан или Тамерлан Ланг (Тамерлан Куциот) е познат бидејќи имал вроденa мана на левото стапало.
Тамерлан | |
---|---|
емир | |
Реконструкција на Тамерлановиот череп од М. Герасимов, 1941 | |
На престол | 1370–1405 |
Крунисување | 1370, Балх |
Претходник | Емир Хусеин |
Наследник | Халил Султан |
Роден(а) | 9 април 1336(1336-04-09) Каш, Чагатајски ханат (денес во Узбекистан) |
Починал(а) | 18 февруари 1405(1405-02-18) (возр. 68) Отрар, Сир Дарја (денес во Казахстан) |
Почивалиште | Гур Емир, Самарканд |
Династија | Тимуриди |
Татко | Мухамед Таргај |
Мајка | Текина Хатун |
Вероисповед | ислам |
Хронологија на животот на Тамерлан | |
---|---|
9 април 1336 | Официјалена дата на раѓањето на Тамерлан во близината на Шахрисабз |
1347 | Казахан ја презел власта во Трансоксијана. |
1355-1356 | Раѓање на првиот син на Тамерлан - Џахангир. |
1358 | Убиството на Казахан. |
1360 | Туглуг Тамерлан ја наметнува својата власт врз Трансоксијана. Тамерлан станува негов вазал, меѓутоа набргу со емирот Хусеин крева бунт. |
1362 | Тамерлан се жени со сестрата на Хусеин, зацврстување на сојузот. |
1365 | Илајас Хоџа ги поразува Тамерлан и Хусеин. |
1366 | Тамерлан и Хусеин го контролираат Самарканд. Илајас Хоџа е убиен, а нов владетел на Могулистан е Камар Уд Дин Кан Дугхлат. Мира Шах е роден. |
1366-1370 | Борби помеѓу Тамерлан и Хусеин. |
1370 | Тамерлан го победува Хусеин и станува господар на Трансоксијана. Тамерлан го поставува Суругатмиша за хан и се прогласува за голем емир. |
1372 | Тамерлан започнува воена капања против династијата Суфи и постигнува победа. |
1373 | Тамерлан започнува pohod против новиот владетл од династијата Суфи - Јусуф Суфи. Војната бргу завршила бидејќи Јусуф Суфи се извинил и ја понудил својата ќерка на најстариот син на Тамерлан - Џахангир. |
1375-1376 | Тамерлан војува против Могулистан. |
1376 | Умира првиот сина на Тамерлан - Џахангир. На Тамерлановиот двор пристигнува Туктамиша, претедент на Златната Орда. Тамерлан му дава поткрепа. |
1377 | Се раѓа синот на Тамерлан - Шахрух. |
1378 | Туктамиша по третпат бара помош од Тамерлан за да ја преземе власта. |
1380 | Туктамиша станува господар на Златната Орда |
1381 | Освојување на Херат, походот на Хорасан |
1384-1386 | Тамерлан ги освојува Систан, Кандахар и Султанија. Градот Заранџ е ограбен. Туктамиша го напаѓа Тебриз. Како одговор, Тамерлан ја започнува тригодишниот поход во Персија. Тамерлан ги освојува Тебриз и Тбилиси. |
1387 | Тамерлан презема поход низ Ерменија и Анадолија, го освојува градот Исфахан, Тамерлан го принудува Туктамиша да се повлече. |
1389-1390 | Поход против Могулистан. |
1390-1391 | Тамерлан подготвува голем поход против Туктамиша. Тамерлан и неговата војска извршуваат марш од 3 000 километри и го поразуваат Туктамиша. |
1393 | Грузија е разурната. Тамерлан го завршува своето освојување на Персија. Војската на Тамерлан влегува во Багдад. |
1394 | Египетскиот мамаелучки султан Баркук склучува сојуз со Туктамиша. Тамерлан ги разурнува Еремнија и Грузија. Туктамиша испраќа сили на Кавказот. |
1395 | Тамерлан за втор и последен пат го поразува Туктамиша. Тамерлан со својата војска се движи во срцето на Златната Орда. Тамерлан ги разурнува големите градови Сарај, Астрахањ и Хана. |
1396 | Тамерлан триуфално се враќа во Самараканд со богат плен. Во престолнината започнуваат големи градежни проекти. |
1397 | Пир Мухамед - синот на Џахангир, ја подготвува следниот поход на Тамерлан. |
1398 | Тамерлан ја спроведува походот на Индија во текот на која се убиени 100 000 индиски заробеници и го освојува Делхи. |
1399 | Мамелучкиот султан Баркук умира. Неговиот син Фарај доаѓа на власт. Овие случувања го потикнуваат Тамерлан повторно да се ангажира на запад. |
1400 | По освојувањето на Сивас, Тамерлан издава наредба за закопување на 3 000 живи зароебни војници. Во Алеп се убиени 30 000 жители. |
1401 | Тамерлановата војска го освојува Дамаск, градот е разурнат. По бунтот, Багдад по вторпат е освоен, 90 000 негови жители биле убиени. |
1402 | Во јули, во Битката кај Ангора Тамерлан го победува османлискиот султан Бајазит I. Османлискиот султан е заробен. Тамерлан го победува Малтешкиот ред и ја освојува Смирна. |
1403 | Бајазит починал во заробеништво. Тамерлан за последен пат навлегува во Грузија. |
1404 | Во Самарканд, Тамерлан подготува поход против династијата Минг. |
1405 | На пат за Кина, Тамерлан умира на 19 јануари во Отрар. |
Тамерлан е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу Александар III Македонски и Џингис Хан [1][2][3]. Тој бил исклучително контроверзна личност на своето време, а како таков останал и до ден денес. Во енциклопедијата Британика, Тамерлан се смета за турски освојувач, додека во индиската историографија, Тамерлан се именува како водач на Турците-чагатајци (потомци на Монголите). Во текот на 35 години, Тамерлан постојано војувал и презел голем број на походи и кампањи. Со освојувањата, неговата држава се проширила на запад и северозапад, таа се простирала во близината на Каспиското Море, бреговите на Урал и Волга. Со походите на југ и југозапад, тој ја освоил Персија, вклучувајќи ги Багдад, Карбала и северен Ирак.
Негов најголем непријател бил монголскиот владетел, потомок на Џингис Хан, Туктамиша. Овој монголски принц најпрво се засолнил кај Тамерлан барајќи заштита и помош, а подоцна успеал да ја наметне својата власт врз источниот дел на Кипчак и Златната Орда.
Тамерлан бил основач на една голема и моќна држава која во историската наука е позната како Тимуридско царство, а воедно тој е родоначалник на Тимуридите, кои со векови владеееле со територии во Источна, Јужна и Средна Азија. Тамерлан бил прапрадедо на Бабур, основачот на Могулското царство, кое опстојало до 1857 година во Индија [4][5][6][7]. Има значајна улога во историјата на Средна, Јужна и Западна Азија, како и на Кавказ, Поволжјето и Русија.
Настојувал да го возобнови Монголското Царство [8] во нејзините стари граници. Меѓутоа неговата најголемата победа била против исламизираната Златна Орда. Тамерлан се облекувал како исламски војник (на арапски: غازي, ġāzī гази) [9], а своите војни ги претставувал како џихад (на арапски: جهاد ǧihād, света војна насочена против неверниците), но сепак неговите походи имале значителен негативен ефект врз муслиманските земји. Османлиското царство по Битката кај Ангора западнала во граѓанска војна, а нејзината експанзија на запад била сопрена за околу 50 - тина години со што бил продолжен животниот век на Византија.
Неговата војска се состоела од различни народи и племиња. Кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, Тамерлан станал најмоќниот владетел во муслиманскиот свет по победите над Мамелуците во Египет и Сирија, Османлиското царство и Делхискиот султанат. Тамерлан исто така го поразил и Малтешкиот ред во Смирна. Во последните години, тој се стекнал со целосна контрола над остатоците на Чагатајскиот ханат, Илканатот и Златната Орда, па дури и се обидел да ја покори Кина и да ја вознбови династијата Јуан.
Во текот на походите, неговите армиии ја разурнале Азија [10]. Во 1387 година, Тамерлан на своите војници им наредил да извршат колеж врз жителите на Исфахан. Во овие настани биле убиени околу 100.000 и 200.000 луѓе [11]. Според еден современик, по убиствата биле изградени 28 кули, а како главен материјал послужиле главите на убиените граѓани. Секоја кула се состоела од околу 1 500 глави [12]. Според некои автори, оваа суровост на Тамерлан претставувала стратегија за заплашување и обесхрабрува на неговите непријатели, авторите исто така потенцираат дека неговите масакри биле селективни, односно во текот на крвопролевањата биле поштедени уметниците и архитектите [11]. Научниците проценуваат дека во текот на неговите воени походи загинале околу 17 милиони луѓе, односно 5% од тогашната светската популација [13][14].
Тамерлан исто така е признат и како голем заштитник на уметноста и архитектурата, иако неговите походи честопати носеле големи материјални разурнувања. Под негова заштита работеле голем број на муслиманските интелектуалци, како Ибн Халдун и Мухамед Шемсудин Хафиз [15].