Термоелектрана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Термоелектраните се електрани кои добиваат енергија со согорување на гориво, а главната примена и намена на термоелектраните е производство на пареа што ќе работи со турбината, а потоа и на генераторот на електрична енергија.
Нивната главна цел е производство и трансформација на примарните форми на енергија во корисна работа, што подоцна е во форма на механичка енергија понатаму се користи за производство на електрична енергија. Механичката енергија се произведува со помош на топлинска машина која ја трансформира топлинската енергија. Имаме претворање на хемиската енергија во топлина, што пак се пренесува на работен медиум преку различни процеси. Работниот медиум, пак, служи како предавател на оваа енергија, често со согорување на гориво, во енергијата на ротација.