From Wikipedia, the free encyclopedia
Стрелаштво е спорт во кој се користат различни типови пушки и пиштоли, неподвижни и подвижни мети. Овој спорт не треба да се меша со стреличарство, спорт во кој целта е да ја погодите метата со лак и стрела. Стрелањето е стандарден спорт во прогамата на модерните олимписки игри. ISSF (Меѓународна спортска стрелачка федерација) денес брои повеќе од 160 земји членки, а стрелањето спаѓа во еден од најраширените спортови
Одредени дисципини од стрелаштвото се составни делови на спортовите како биатлон и модерен петобој.
Ова е еден од најстарите спортови, затоа што натпреварите во гаѓање со стап или лак и стрела се одржувале уште во стариот и средниот век. Спортското гаѓање со лак и стрела(стреличарство) се одржува и денес, а доста е популарно во САД.
Со пронаоѓањето на огненото оружје започнале да се одржуваат натпревари во гаѓање и со истото. Познато е дека еден од првите натпревари се одржал во Швајцарија во XV век со тогашната пушка аркебуза. Голема популарност овие натпревари имале и во Русија.
Како модерен спорт, стрелаштвото се развива во XIX век. Освен со пушка од 1890 година започнува и гаѓање со пиштол, а веќе на првите Летни олимписки игри 1896 стрелаштвото се наоѓа на програмата со натпревари. Тогаш се гаѓало со пиштол по слободен избор на далечина од 25 и 50 метри, со револвер на далечина од 25 метри и со војничка на далечина од 200 и 300 метри. Од тогаш до денес стрелаштвото е на програмата на Олимписките игри, а дисциплините се менувано неколкупати.
Во 1897 во Лион е одржан првиот меѓународен натпревар, кој подоцна е признат како прво светско првенство. Учествувале натпреварувачи од 5 земји: Италија, Холандија, Норвешка, Швајцарија и Франција.
Во 1907 година е основан Меѓународниот стрелачки сојуз (француски: Union Internationale de Tir) скр. UIT, (англиски: International Shooting Union) скр. ISU кој во 1998 година го промени називот во (англиски: International Shooting Sport Federation) скр.ISSF - Меѓународна спортска стрелачка федерација.
Правилата на Меѓународна спортска стрелачка федерација содржат посебни побарувања во делот на безбедноста кои се бара да се применуваат на меѓународните првенства. Задолжителните и засебните правила за безбедност се разликуваат од земја до земја. За безбедноста секогаш е одговорен организациониот комитет. Поради безбедноста на стрелецот, луѓето кои го опслужуваат стрелиштето и гледачите ракувањето со оружјето мора да биде многу внимателно. Член на жири или судија во стрелиштето може да го прекине гаѓањето во секој момент. Оружјето се полни само на стрелачкото место. Стерлците и останатиот персонал во близина на линија на пукање носат штитници за уши. Додека гаѓаат стрелците носат некршливи очила.
Муницијата за воздушното оружје мора да биде изработена од олово или сличен мек материјал со максимален пречник од4,5 мм (.177 cal). Зрното може да биде во каков било облик.
Малокалибарската муниција мора да биде изработена од олово или сличен мек материјал. Малокалибарски куршум 5,6 мм (.22 cal) Long rifle.
Муниција за оружје од голем калибар. За војничка пушка калибар 7,9 мм и ПАП калибар 7,69 мм е забрането употреба на муниција со зрна за специјална намена (запаливи, одбележувачки, експлозивни и комбинирани). За војнички пиштол калибар 7,62 мм изборот на муниција е слободен. За пиштолите - револвери со централно опалување, малокалибарско оружје, воздушно оружје и пушки сачмарки изборот на муниција е слободен во рамките на прописите на Меѓународната спортска стрелачка федерација.
Натпреварите во стрелаштво се организираат со следните оружја: воздушни пушки, малокалибарски и големокалибарски пушки по слободен избор, малокалибарски пушке од сериско производство (стандард), малокалибарски пушки со оптички нишан, војнички пушки, пиштоли (малокалибарски сериски и автоматски, воздушни, по слободен избор и голем калибар) и ловечки пушке во дисциплините гаѓање на глинени гулаби скит и трап.
Метите за пушка од голем калибар се со димензии 1х1 м, за пиштол 0,50х0,50 м, за малокалибарска пушка 16,4 см, а за воздушна пушка 8,3 см. Разликите се и во далечините за гаѓање. За голем калибар оддалеченоста е 300 м, мал калибар 50 м, за воздушна пушка 10 м, за пиштоли малокалибарски, големокалибарски и автоматски 25 м и за малокалибарски пиштол сериски и по слободен слободног избора на 50 м.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.