Стопански Двор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стопански Двор — скопска населба, сместена во средишниот дел на територијата на Општина Ѓорче Петров. На југ населбата се граничи со Ново Село, на исток и север со Волково, додека на запад со атарот на селото Кучково. Низ населбата минува автопатот А2 („Мајка Тереза“).
Населбата е во фаза на развој и урбанизација.