Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 12 септември 1942 ) — македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу).

Кратки факти Роден, Починал ...
Стефан Наумов-Стив
Thumb
Роден 27 октомври 1920
Битола
Починал 12 септември 1942(1942-09-12) (возр. 21)
Болно, Преспанско
Затвори

Рани години

Thumb
Родната куќа на Стив Наумов

Стив Наумов потекнува од печалбарско семејство. Татко му Васил потекнувал од село Битуша. Тој уште кога имал 19-20 години заминал во Романија каде работел на сечење шуми, односно изградба на железнички пруги. По петгодишна работа се вратил во Битуша во 1903 година, кога се оженил со мајката на Стив, Јана Темелкова. По раѓањето на синот Сотир, Васил повторно заминал на печалба, овој пат во САД. По враќањето од САД, во 1913 година целото семејство се преселило во Битола. Потоа Васил повторно заминал во САД, каде останал до крајот на Првата светска војна. Стив Наумов се родил на 27 октомври 1920 година, како трето машко дете.

Thumb
Техничкиот факултет во Белград

По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишал на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапил на напредното работничко движење, поради што често бил затворан. Во 1939 година станал член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола.[1]

Учеството во Народноослободителната војна

Thumb
Мртвото тело на Стефан Наумов - Стив, пред да биде осквернавено од бугарските окупатори.

Во април 1942 година, Стив Наумов учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. На 6 мај 1942 година во Битола го убил бугарскиот областен полициски началник.[2] Во јуни 1942 година станал член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија.

Есента истата година, Стив Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. За неговата глава се барале 200 илјади лева, жив или мртов.[3] Потоа, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска. Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи месното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.

Thumb
Празниот гроб на Стив Наумов

По Втората светска војна, на партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните се наоѓа и гробот на неговиот брат Ѓорги Наумов (1914-1942), кој бил обесен во скопскиот затвор.[4]

Почести

Thumb
Статуа на Стефан Наумов - Стив во Битола

Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во леринското село Винени, бил наречен по него.

Во негова чест, денес три основни училишта го носат неговото име, во Битола, Скопје и Пласница. Во Битола има и спомен-куќа посветена на неговиот живот и дело.

Зафир Хаџиманов и Сенка Валетанлиќ испеаја песна за него насловена „Песна за Стив Наумов“.[5]

Родословие

Повеќе информации Семејно дрво на Наумови ...
Затвори

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.