Стерлингова награда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стерлингова награда (англ. Stirling Prize) — британска награда, која се доделува за достигнувања во архитектурата. Наградата, името го добила по архитектот Џејмс Стерлинг и се доделува еднаш годишно од страна на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). Стерлинговата нагарада, официјално се доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено наголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од £ 20.000.
Доделувањето на наградата е воведено во 1996 година и се смета за најпрестижна архитектонска награда во Обединетото кралство. Таа се доделува како еквивалент во областа на архитектурата на Букеровата и Тарнеровата награда. Церемонијата на доделување на наградата се емитува на Channel 4, а спонзор е списанието Architects' Journal. Шест градби се избирааат во конкуренција на поголем број на градби, кои ја имаат добиено RIBA наградата. Оваа награда се доделува за градби кои прикажуваат „високи архитектонски стандарди и суштински придонес во локалната околина“. Во 2003, дури 70 вакви градби ја добија RIBA наградата.
Освен Стерлинговата награда, при нејзиното доделувње се доделуваат уште 7 други награди.