![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/51/Stamford_Bridge.jpg/640px-Stamford_Bridge.jpg&w=640&q=50)
Стемфорд Бриџ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стемфорд бриџ — фудбалски стадион во Фулам, во непосредна близина на Челси во Југозападен Лондон. Стадионот е дом на премиерлигашкиот фудбалски клуб Челси.
Стемфорд Бриџ | |
---|---|
![]() | |
Целосно име | Стемфорд Бриџ |
Место | Лондон, Англија |
Координати | 51°48′17″N 0°19′10″W |
Отворен | 28.04.1877 |
Сопственик | Chelsea Pitch Owners |
Подлога | Трева |
Игра | ФК Челси (1905–денес) |
Гледачи | 41.631 |
Сместивоста му е 41.631, што го прави осмиот најголем стадион во сезоната 2017/2018 во Премиер Лигата.
Клубот има планови да ja прошири сместивоста на ова игралиште на 63.000 седишта до сезоната 2023/2024. Кога ќе започне ова проширување, Челси ќе игра на Вембли сè до 2024 година.
Челзи имале само еден терен Стемфорд бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905 г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од атлетскиот клуб Лондон како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна на стопанственикот Гус Меарс и неговиот брат Јосиф. Димензиите на теренот се 103 x 67 метри.
Стемфорд бриџ е место каде исто така се играле натпреварите на Англиската репрезентација и финалињата на ФА купот. Исто така била локација каде што се одвивале бројни други спортови како: крикет, рагби, бејзбол и американски фудбал. Најголемата забележана посетеност на овој стадион е 82.908, за лигашкиот меч помеѓу Челси и Арсенал на 12 октомври 1935.